Во светот денес, климатските промени и заштитата на животната средина се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Проектот „Sport for Green Future“, финансиран од програмата Еразмус+, има за цел да ги обедини спортските организации и младите луѓе во борбата за почиста и поодржлива иднина. Преку своите активности го промовираме велосипедизмот како здрав, еколошки и алтернативен начин на транспорт.
Придонес на „Eco Logic“ преку програмата „Вело Училишта “
Програмата „Вело Училишта “ има за цел е да ги едуцира учениците за важноста на одржливиот транспорт и да ги поттикне да користат велосипеди наместо автомобили. Оваа иницијатива не само што ги учи децата за безбедноста во сообраќајот, туку и за позитивните ефекти врз животната средина преку намалување на емисиите на штетни гасови.
Во 2022 година, „Eco Logic“ воспостави едукативна велосипедска патека долга 6-7 километри, која се користи за учење на децата и семејствата за биодиверзитетот и правилното одржување на велосипедите. Ова е само еден од многуте примери како спортот и образованието можат да се комбинираат за да се постигне одржлива иднина.
Важноста на спортот во заштитата на животната средина
Спортот е силна алатка за едукација на младите за заштита на животната средина. Спортските организации, како „Eco Logic“, ги користат спортските активности за да го подигнат нивото на свесност кај младите за важноста на чистата животна средина. Преку велосипедизам, пешачење, и други спортски активности, децата учат за екологијата и како нивните мали акции, како собирањето отпадоци, можат да имаат големо влијание.
Проектот „Sport for Green Future“ е одличен пример за тоа како спортот може да биде катализатор за позитивни промени во однос на заштитата на животната средина. Токму ваквите иницијативи ги инспирираат младите да бидат поодговорни и свесни за природата, како и да ја препознаат својата улога во создавањето на одржлива иднина.