Барање понуда за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани, За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината. I. Општи информации (1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела). (2) Обуката […]

Почитувани,

За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината.

I. Општи информации

(1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела).

(2) Обуката ќе се реализира во 2 или 3 дена (со едно или две ноќевања, полн пансион), зависно од цената и буџетот на располагање на набавувачот (Еко Логик).

(3)Обуката ќе вклучи максимум 25 лица – вработени во скопските општини и општина Кочани, обучувачи и членови на тимот на Еко Логик. 

(4) Обуката се реализира со цел да се зајакнат капацитетите на општините за зелена транзиција, како и да се поттикне поголема соработка помеѓу општините и граѓаните.

II. Понуда

Вашата понуда треба да содржи:

  • Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, лица за контакт, број и е-маил адреса за контакт.
  • Цена за хотелско сместување во еднокреветна и двокреветна соба со доручек, ручек, вечера за 25 лица (за 1 и за 2 ноќевања). Пристигнување на 20 септември (петок), почнување со ручек или вечера и заминување на 21 септември или 22 септември, завршување со ручек.
  • Цена за користење на сала за состаноци. Истата да е во самата локација или во близина на сместувањето.
  • Цена за кафе паузи со вклучено кафе и вода. Предвидени се вкупно 4 паузи за три дена обука или 3 паузи за два дена.
  • Цена за безалкохолен пијалок за време на оброците.
  • Цена за дополнителен ручек (на 20ти).
  • Предлог-мени.

напомена: 

(1) Цените да бидат изразени во денари без вклучен ДДВ. Плаќањето ќе се врши на проект (донација), ослободен од ДДВ.

(2) Цените за сместување и полн пансион, како и кафе паузите да се пресметани по лице (мах 25 лица).

(3) Понудата да вклучува цени за два дена со едно ноќевање и цени за три дена со две ноќевања во еднокреветни и/или двокреветни соби .

III. Критериуми за избор:

  • Цена
  • Квалитет

Ве молиме вашата понуда да ја испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса: marina.ecologic@gmail.com најдоцна до 03.09.2024 година до 12:00 часот.

OTHER Calls

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00Платформа: Zoom (линкот ќе биде испратен до регистрираните учесници)Секој учесник ќе добие сертификат за учество […]

Read more

Open Call for Volunteers: EU and Non-EU Participants

Are you looking for an opportunity to make a meaningful impact on the environment and your community? Do you want to gain hands-on experience in sustainability and youth work while exploring a vibrant city in North Macedonia? This is your chance to join Eco-Logic, a non-profit organization dedicated to promoting sustainability, environmental protection, and community […]

Read more

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Read more

Повик за учество на обуки Green Skills 4 Women

Почитувани, Како дел од Еразмус програмата, Здружение за едукација и развој Видливост и Здружение на граѓани Еко Логик објавуваат повик за учество на обуки, како дел од проектот насловен Green Skills 4 Women. Трите обуки кои се опфатени во рамките на самиот проект се однесуваат на темите: Еко иновации, Еко политики и Одржлив равој. Целите […]

Read more