Едукативна Работилница за Млади Истражувачи: Одржливо Искористување на Отпад за Зелена Иднина

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија. Работилницата, која беше организирана […]

Во рамки на проектот Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија.

Работилницата, која беше организирана за младите истражувачи од ООУ „Партенија Зографски“, им понуди можност за практично учење и истражување на иновациите во областа на одржливо искористување на органски отпад. Учениците се запознаа со некои од најдобрите практики за циркуларна економија, кои вклучуваат:

  • ◼️Производство на биодизел – процес кој им овозможува на учениците да се запознаат со важноста на обновливите извори на енергија и како отпадните растителни масла можат да се искористат за производство на еко-пријателски горива.
  • ◼️Екстракција на пектин – учениците научија како се добива пектин, природен полисахарид со примена во прехранбената индустрија и фармацевтските производи.
  • ◼️Изработка на биофилм од кора од компири – оваа активност ја истражува можноста за користење на отпадот од земјоделските производи, како што се кората од компири, за создавање на биоматеријали, кои можат да заменат пластика и други штетни материјали.

Преку овие активности, учениците не само што го зајакнаа своето знаење во областа на науката и иновациите, туку и развија критичко размислување и креативност во справувањето со проблемите на животната средина.

Активностите на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ активно придонесуваат за еколошката свест кај младите генерации. Младите истражувачи покажаа интерес и ентузијазам, кои ќе се рефлектираат во нивниот понатамошен активизам за подобра и одржлива иднина.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, а неговите активности продолжуваат да носат позитивни резултати за развојот на еколошката свест и иновациите во земјата.

Зелената иднина е во рацете на младите!

OTHER Activities News

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more