Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата
I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да се применат во работата со заедниците и целните групи.
За Еко Логик, приклучувањето кон мрежата претставува можност за нови партнерства, размена на знаење и искуства, заеднички иницијативи и развој на практични решенија кои можат да придонесат кон поквалитетна работа со младите и заедницата.
Веруваме дека најдобрите идеи се создаваат кога организациите се поврзуваат, учат едни од други и заеднички ги претвораат знаењето и искуството во конкретни активности.
Со нашето приклучување кон I-STEP Network, продолжуваме да ги прошируваме нашите меѓународни партнерства и да создаваме нови можности за соработка, учење и развој.
Со повеќе поврзани организации, создаваме повеќе можности за позитивни промени.