Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој.

На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и дигитална верзија.

Што може да очекувате?

  • Преглед на клучните достигнувања на проектот
  • Тестирање на активности од прирачникот
  • Запознавање со интерактивната платформа
  • Презентација и искуствено играње на SDG Master
  • Дискусија за идната примена на проектните резултати

Детали за настанот

Датум: 17 февруари 2025
Време: 17:30 – 20:00
Локација: MladiHub, ул. Димитрија Чуповски 7, Скопје

Настанот е наменет за едукатори, активисти, носители на одлуки, студенти и сите заинтересирани за одржлив развој.

Секој учесник ќе добие сертификат за учество.

За регистрација, посетете го следниот линк:
Форма за пријава

Ве очекуваме!

OTHER Calls News

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон – Скопје, објавува повик за избор на физичко или правно лице за подготовка на медиумски план и развој на визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00 (Сараево, Скопје, Загреб)Локација: ZoomЛинк за придружување: https://us06web.zoom.us/j/82530338993Meeting ID: 825 3033 8993Passcode: 030644Секој учесник ќе […]

Read more