Завршен настан Design Тhinking for Social Inclusion 

На 31 јули, го организиравме последниот настан од проектот “Дизајнерско размислување за социјална инклузија”, кој имаше за цел да ги презентира резултатите и активностите на проектот. Овој настан исто така ја промовираше нашата платформа за е-учење, посветена на примена на процесот на дизајнерско размислување во сферата на социјалната работа, животната средина, одржливото менаџирање и социјалното […]

На 31 јули, го организиравме последниот настан од проектот “Дизајнерско размислување за социјална инклузија”, кој имаше за цел да ги презентира резултатите и активностите на проектот. Овој настан исто така ја промовираше нашата платформа за е-учење, посветена на примена на процесот на дизајнерско размислување во сферата на социјалната работа, животната средина, одржливото менаџирање и социјалното претприемништво.

Настанот собра претставници од граѓански организации кои работат на полето на животната средина, социјална инклузија, родова еднаквост, социјално претприемништво, како и едукатори и претставници од општини и локални институции.

Ова беше одлична можност да споделиме клучни лекции за организација на работилници за дизајнерско размислување, со цел ко-креирање решенија за конкретни предизвици и проблеми со кои се соочуваат вашите организации, институции или целни групи, и развивање на услуги и производи кои одговараат на нивните потреби и интереси.

Проектот “Дизајнерско размислување за социјална инклузија” е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус плус и се спроведуваше во Германија, Австрија, Италија, Данска, Кипар и Македонија.

Благодариме на сите учесници за вашата поддршка и учество. Следете не за повеќе интересни активности и работилници во иднина!

OTHER Activities News Uncategorized

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍. Овојпат, ни се придружија Филип од Градината […]

Read more

Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации. За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да […]

Read more

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more

Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

Read more

GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]

Read more

Работилница за промоција на H4U прирачникот – Активна едукација за сите генерации

Еко Логик, во соработка со Национален Парк Галичица, организираше едукативна работилница за промоција на прирачникот H4U. Настанот беше отворен за сите и привлече учесници на возраст од 4 до 90 години, кои заедно учествуваа во низа едукативни и забавни игри. Целта на оваа работилница беше на пристапен начин, преку интерактивни активности, да се доближат темите […]

Read more