Во рамки на ИДЕА проектот, поддржан преку програмата Еразмус+, Здружение „Еко Логик“ во периодот од 20 декември 2022 до средината на јануари 2023 година, спроведува онлајн прашалник наменет за сите невработени возрасни лица на возраст од 45+ години. Прашалникот и активноста имаат за цел да се идентификуваат потребите за стекнување на нови вештини, како и пречките со кои невработените возрасни лица над 45 години се соочуваат.
За целосната содржина на прашалникот, кликнете на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSddHnX0Qat…/viewform…
Прашалникот е дел од истражување на Еко Логик и организации од Полска, Босна и Херцеговина и Италија. Истото се спроведува во рамки на проектот „Подобрена вработливост преку едукација за циркуларна економија за возрасни – ИДЕА“ или, Improved Employability through circular economy education for Adults – IDEA кој е дел од Еразмус+ програмата. Еко Логик е организација-партнер во истиот.
IDEA е проект од Еразмус плус роектите финансирани од Европската Унија