Извештај Up2neb Living Labs

Придонесот на Living Labs во Поттикнувањето на Одржливост, Инклузивност и Естетика: Искуства од Проектот UP2NEB Living Labs претставуваат иновативен пристап кој ги вклучува локалните заедници во заедничко креирање решенија за актуелните општествени и еколошки предизвици. Во рамките на проектот UP2NEB, овие лаборатории беа дизајнирани да ги истражат и зајакнат трите клучни принципи на иницијативата Нова […]

Придонесот на Living Labs во Поттикнувањето на Одржливост, Инклузивност и Естетика: Искуства од Проектот UP2NEB

Living Labs претставуваат иновативен пристап кој ги вклучува локалните заедници во заедничко креирање решенија за актуелните општествени и еколошки предизвици. Во рамките на проектот UP2NEB, овие лаборатории беа дизајнирани да ги истражат и зајакнат трите клучни принципи на иницијативата Нова Европска Баухаус: одржливост, инклузивност и естетика.

Методологија и Пристап

Методологијата за Living Labs беше развиена преку соработка со сите партнери во проектот, со посебен акцент на активно вклучување на младите. Активностите вклучуваа интерактивни работилници, дискусии водени од експерти и креативни методи, кои овозможија учесниците да ги изразат своите идеи и приоритети.

Клучните алатки вклучуваа дигитални материјали, интерактивни предавања, како и практични активности како што се „Писмо до иднината“ и „Синхрони аплаузи“. Оваа пристапна рамка обезбеди подеднакво учество и вклученост на сите учесници, без разлика на нивната возраст, професионална позадина или искуство.

Резултати од Living Labs во Македонија

Во Македонија, Living Lab-от беше организиран од страна на Eco Logic на 5 август 2024 година и опфати три главни теми:

Одржливост

Учесниците работеа на концепт за мини-град кој промовира фер и одржлива заедница. Градот беше дизајниран со обновливи извори на енергија, интегриран систем за рециклирање и поддршка на одржливо производство. Зелените зони, парковите и јавните простори беа планирани со цел зачувување на биодиверзитетот и промовирање на климатска правда.

Естетика

Естетиката беше инспирирана од традиционалните прилепски куќи, кои ги спојуваат културните темели со современите архитектонски елементи. Учесниците користеа локални материјали, како прилепскиот мермер, за да создадат дизајн што ја нагласува културната историја и уметноста на регионот.

Инклузивност

Работната група дизајнираше парк кој е отворен и достапен за сите, независно од возраста или способностите. Преку внимателно планирање, паркот беше замислен како простор за социјална интеракција и заедничко дружење, што го поттикнува чувството на припаѓање и заедништво.

Клучни Заклучоци

Living Labs активностите во рамките на проектот UP2NEB успешно ги агажираа младите и ги мотивираа да размислуваат за иднината на своите заедници. Нивните идеи и придонеси обезбедија вредни податоци кои ќе се искористат за создавање на обука за млади, прилагодена на потребите на локалното население, во согласност со принципите на Новата Европска Баухаус иницијатива.

Овие активности покажаа дека кога младите се вклучени, нивната креативност и енергија можат да доведат до значајни и позитивни промени во заедницата.

Иднината ја градиме заедно – одржливо, естетски и инклузивно.

OTHER News Reports

Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

Read more

GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]

Read more