Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in kindergartens (Week number 2)
Во период од 11.11 до 15.11.2021 година, 6 градинки на територија на Скопје реализираа 15 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Преку активности беа опфатени 240 деца од градинка.
Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:
- Растенија и загадување на вода
- Загадување на вода и почва
- Растенија и ерозија на почва
Дел од коментарите од страна на воспитувачките беа:
- Многу интересни експериментални, практични и поучни активности. Ги направивме сите три затоа што беа меѓусебно поврзани.(Александра Ѓорѓиевска, Елена Гоговска, Градинка Весели Цветови, општина Кисела вода, Скопје)
#ecologic #екологик #животнасредина #климатскипромени #уницеф #искуствено учење