Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 2)
Во период од 08.11 до 17.11.2021 година, 8 основни училишта на територија на Скопје реализираа 19 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Преку активности беа опфатени 500 ученици од основно училиште.
Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:
- Вода и ерозија
- Профил на почва
- Растенија и ерозија на почва
Дел од коментарите од страна на наставниците беа:
- Активноста беше премногу интересна (Билјана Арсовска, ООУ Вера Јоциќ, општина Гази Баба, Скопје)
- Експериментот е соодветно осмислен со сите елементи (Тања Панковска Панушковски, ООУ Гоце Делчев, општина Илинден)
#ecologic #екологик #животнасредина #климатскипромени #уницеф #искуствено учење