Што треба да сториме за да возењето велосипед до училиште стане не само побезбедно и побрзо, но и нормална и многу честа појава помеѓу средношколците во Скопје?
Погледнете го видеото кое го сработивме во рамки на проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ и, споделете со нас, колку време, според вас, би му требало на еден средношколец – од вашата населба, за да стигне до било кое од средните училишта во Скопје?!
Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=_cK_B719UXg
–
Проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ има за цел да го промовира велосипедот како брзо, безбедно и еколошко превозно средство, како и да ги поттикне средношколците безбедно да возат велосипед до училиште.
Проектот е ко-финансиран од Град Скопје, а го спроведува Еко Логик и Вело Училишта.
Што се’ треба да знаат средношколците кои сакаат да одат на училиште со велосипед за да пристигнат на училиште на време и, уште поважно, да пристигнат безбедно?
Погледнете го видеото кое го сработивме во рамки на проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ и, споделете ги со нас и младите велосипедисти, сите ваши корисни совети за возење велосипед во Скопје.
Видеото е достапно на следниот линк: https://youtu.be/yHJEJgnOkUg
–
Проектот „Камп за одржливост – Епизода бр. 6: Вело млади“ има за цел да го промовира велосипедот како брзо, безбедно и еколошко превозно средство, како и да ги поттикне средношколците да возат велосипед почесто, како и да возат велосипед до училиште БЕЗБЕДНО. Проектот е ко-финансиран од Град Скопје. Истиот го спроведува Еко Логик и Вело Училишта.