Конференција за искуствено учење од областа на животната средина и климатските промени – втор ден

На 6 октомври 2022 година се одржа и вториот ден од Националната конференција за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени. На конференцијата учествуваа осумдесетина воспитувачи и директорки на градинки кои, во изминатата година беа активно вклучени во нашите активности.  – Токму детските градинки се одлична можност да ги воспитаме децата да […]

На 6 октомври 2022 година се одржа и вториот ден од Националната конференција за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени. На конференцијата учествуваа осумдесетина воспитувачи и директорки на градинки кои, во изминатата година беа активно вклучени во нашите активности. 

– Токму детските градинки се одлична можност да ги воспитаме децата да развијат ставови и однесување што ќе ги пренесат и во текот на животот значајно ќе влијаат врз нашата култура на живеење. Преку учење низ игра, децата го изразуваат и го прошируваат разбирањето за себе и своето влијание во светот околу нив. Па со ваквото потенцијално предучилишно воспитување можат да се постават темелите за еколошки свесни и проактивни граѓани, истакна заменик-министерот за труд и социјална политика, г. Енвер Хусејин.

– Благодарение на владата во Шведска, УНИЦЕФ всушност работи на подобрување на животната средина, да се зајакне наставното учење на наставниците и едукаторите со цел да се зајакне целата едукативна програма во предучилишна возраст и на училиште, рече заменик-претставникот на УНИЦЕФ, г. Артур Ајвазов. 

Од почнувањето на проектот во август 2021 година, речиси 22 илјади пати, децата од градинките беа вклучени во експерименти. Спроведени беа повеќе од илјада експерименти со речиси 2 илјади деца вклучени. 

Дополнително, организирани беа две обуки за градење на капацитетите за темите за животна средина и климатски промени на воспитувачите во кои, учествуваа шеесетина воспитувачи од 40+ градинки.

Конференцијата се организираше во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска. Еко Логик е имплементирачки партнер во проектот.

OTHER Activities

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more