Новите прирачници за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени се достапни на веб-страницата на БРО

Два нови прирачници изработени од Еко Логик во соработка (ко-креација) со Бирото за развој на образованието (БРО), чии автори се Кирил Арсовски – Пржо, Никола Нешкоски, Славица Несторовска, Билјана Арсовска и м-р Иванка Мијиќ, од минатата недела се официјално објавени на веб-страницата на БРО. Сите основни училишта во Македонија добија задолжение да спроведат дел од […]

Два нови прирачници изработени од Еко Логик во соработка (ко-креација) со Бирото за развој на образованието (БРО), чии автори се Кирил Арсовски – Пржо, Никола Нешкоски, Славица Несторовска, Билјана Арсовска и м-р Иванка Мијиќ, од минатата недела се официјално објавени на веб-страницата на БРО.

Сите основни училишта во Македонија добија задолжение да спроведат дел од активностите содржани во прирачниците заедно со своите ученици, со цел унапредување на свеста за одржлив развој и подготвеност за климатските предизвици преку искуствено учење.

Во прилог ги споделуваме и самите прирачници, објавени и на веб-страницата на Еко Логик:

 Прирачник за наставници – Интегрирање на искуствено учење за животна средина и климатски промени во наставата по природни науки од прво до петто одделение во основното образование
Достапен на македонски и англиски јазик

 Прирачник за воспитувачи – Интегрирање на искуственото учење за животната средина и климатските промени во реализацијата на програмата за рано учење и развој
Достапен на македонски и англиски јазик

Овие прирачници се дел од програмата „Охрабрување на децата и младите во Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, реализирана во партнерство со УНИЦЕФ и БРО, со финансиска поддршка од Владата на Шведска.

За повеќе информации и преземање на прирачниците, посетете ја: bro.gov.mk

OTHER News

Отворен повик за наставници и едукатори

Обука и предизвик: „Парче по парче – Street Smart Flagbag сложувалка“ Еко Логик објавува отворен повик за избор на 10 наставници и едукатори кои ќе учествуваат на тридневна обука и практичен предизвик за имплементација на Street Smart Flagbag методологијата. 📅 Датум: 1–3 април 2026📍 Локација: Еко Логик, Скопје🕚 Времетраење: 11:00 – 14:00 часот Обуката ќе […]

Read more

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

ECOPULSE-Sport Driving Climate Action

ECOPULSE is a European initiative that connects sport with sustainable climate action. By using the popularity and accessibility of sport, the project raises awareness, inspires responsibility, and motivates citizens to actively participate in tackling climate change. Climate change cannot be addressed through policies alone, it requires engagement from communities, organizations, volunteers, and individuals. The sports […]

Read more

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Read more