Отворен повик за наставници и едукатори

Обука и предизвик: „Парче по парче – Street Smart Flagbag сложувалка“ Еко Логик објавува отворен повик за избор на 10 наставници и едукатори кои ќе учествуваат на тридневна обука и практичен предизвик за имплементација на Street Smart Flagbag методологијата. 📅 Датум: 1–3 април 2026📍 Локација: Еко Логик, Скопје🕚 Времетраење: 11:00 – 14:00 часот Обуката ќе […]

Обука и предизвик: „Парче по парче – Street Smart Flagbag сложувалка“

Еко Логик објавува отворен повик за избор на 10 наставници и едукатори кои ќе учествуваат на тридневна обука и практичен предизвик за имплементација на Street Smart Flagbag методологијата.

📅 Датум: 1–3 април 2026
📍 Локација: Еко Логик, Скопје
🕚 Времетраење: 11:00 – 14:00 часот

Обуката ќе се реализира на македонски јазик.

Оваа обука е наменета за наставници и едукатори кои работат со деца од претшколска возраст, основно образование и (по можност) прва година средно образование.

Што претставува Street Smart Flagbag?

Street Smart Flagbag е интерактивна и практична методологија која користи тематски знаменца како алатки за поттикнување дијалог, самодоверба, активно учество и социјално-емоционален развој кај децата.

Методологијата е дел од меѓународната MobileSchool мрежа и се базира на современи пристапи како:

  • Негативни искуства од детството 
  • Теорија на самоопределување
  • Работа со деца кои имаат различни животни искуства
  • Активно учење преку игра и движење

Знаменцата се кратки, практични и лесно применливи активности што можат да се користат како активност за запознавање, вежба за подигнување енергија или како дел од цела работилница.

Како ќе се одвива процесот?

Обуката се состои од две поврзани фази и отворање можност за трета фаза:

🧩 Фаза 1: Обука – Сложување на рамката на сложувалката

Запознавање со Street Smart Flagbag методологијата, принципите и категориите знаменца. Учесниците ќе стекнат теоретско разбирање и практично искуство преку демонстрации од искусни наставници и едукатори и групна работа.

🧩 Фаза 2: Предизвик – Сложување на целата слика од сложувалката

Со самото учество на обуката, учeсниците автоматски влегуваат во практичен предизвик. Секој учесник избира знаменце, го применува во својата пракса и го документира искуството преку Street Smart Impact платформата. Процесот продолжува сè додека не се применат минимум 10 знаменца. За успешно учество во предизвикот и користење на платформата, потребно е основно познавање на англиски јазик.

Целта не е обемна административна работа, туку постепено, лесно и реално вклучување на методологијата во секојдневната пракса.

🧩 Фаза 3: Годишни предизвици – Сложувалки во повеќе нивоа

Учесниците кои успешно ќе ги завршат предизвиците имаат можност да напредуваат низ годините со сертификациски нивоа (Junior, Advanced, Senior, Master) и да станат дел од заедница на искусни Street Smart Flagbag едукатори.

Сертификација

По завршување на обуката учесниците добиваат сертификат за учество.

По успешно имплементирани 10 знаменца и завршен предизвик, добиваат дополнителен сертификат за активно и успешно спроведување на Street Smart Flagbag методологијата, како и можност за напредување во следни нивоа на експертиза.

Кој може да се пријави?

  • Наставници од претшколски установи
  • Наставници од основни и средни училишта
  • Едукатори во формално и неформално образование
  • Лица кои работат со деца и млади

Пожелно е кандидатите да имаат мотивација за воведување нови интерактивни методи во својата пракса.

Основни критериуми (задолжителни)

  • Работа со деца од целната возраст (претшколска, основно, рана средна)
  • Подготвеност за учество на сите 3 дена од обуката
  • Подготвеност за имплементација на минимум 10 знаменца во период од 6 месеци
  • Основно познавање на англиски јазик за потребите на предизвикот и користење на онлајн платформата и знаменцата

Број на учесници

Ќе бидат избрани максимум 10 наставници и едукатори за оваа обука, со цел да се обезбеди квалитетна, интерактивна и практична работа.

(Следни циклуси на обуки ќе бидат организирани дополнително.)

Како да аплицирате?

Кандидатите треба да ја пополнат формата за пријава на следниот линк: https://forms.gle/R3viNMy6E8DWUheG7 Рок за пријавување: 15 март 2026, 23:59 часот
Одбраните учесници ќе бидат известени на електронската пошта поднесена во формуларот.

OTHER Calls News

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон – Скопје, објавува повик за избор на физичко или правно лице за подготовка на медиумски план и развој на визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна […]

Read more

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00 (Сараево, Скопје, Загреб)Локација: ZoomЛинк за придружување: https://us06web.zoom.us/j/82530338993Meeting ID: 825 3033 8993Passcode: 030644Секој учесник ќе […]

Read more

Open Call for Volunteers: EU and Non-EU Participants

Are you looking for an opportunity to make a meaningful impact on the environment and your community? Do you want to gain hands-on experience in sustainability and youth work while exploring a vibrant city in North Macedonia? This is your chance to join Eco-Logic, a non-profit organization dedicated to promoting sustainability, environmental protection, and community […]

Read more

Design Thinking за млади: Вклучи се во проектот Up2neb!

Имате можност да станете дел од иницијатива што ја трансформира креативноста во акција! Како дел од проектот Up2neb, ќе работиме заедно на развивање на поефективни методи за користење на Design Thinking – иновативен пристап што поттикнува креативност, соработка и практично решавање на проблеми. 🔹 Нашата мисија? Да ги направиме стратегиите на Design Thinking попристапни и […]

Read more