GLOW во ООУ „7 Марси“ – Челопек

Со исклучок на децата со можеби вродени афинитети кон математиката, ретки се оние кои уживаат на часовите по математика. Особено кога тема на часот е табеларно множење. 🫣 Меѓутоа, ООУ „7 Марси“ од Челопек, општина Брвеница покажа како и овие часови знаат да бидат интересни до степен и други ученици – од постарите генерации да […]

Со исклучок на децата со можеби вродени афинитети кон математиката, ретки се оние кои уживаат на часовите по математика. Особено кога тема на часот е табеларно множење. 🫣 Меѓутоа, ООУ „7 Марси“ од Челопек, општина Брвеница покажа како и овие часови знаат да бидат интересни до степен и други ученици – од постарите генерации да се вклучат.

Како им успеа?! Едноставно, од училница, математиката ја изнесоа на отворено – во природа, пак и вклучија природни материјали во играта. 

Темата на часот кој го водеа одделенските наставници Даниела Тодоровска и Тони Тодоровски беше „Множиме со природни материјали“. Па така, на испечатена табела, учениците од комбинирана настава од II и IV,  III и V одделение имаа за задача да лепат природни материјали од училишниот двор како: лисја, детелина со 3 листа за множење со три, жолта пченка, портокалова леќа и сл. Пример, на едно место во табелата стоеше детелинка со три листа за да означи дека 1х3 = 3 или две детелинки со три листа за да означат дека 2х3=6 итн. Како тоа изгледаше на пракса?! 

Активностите на отворено се организираат во рамки Glow проектот, кој освен во Македонија, се спроведува во Данска, Кипар, Португалија и Словачка. Проектот е поддржан преку Erasmus Plus програмата и истиот цели да поттикне едукативни активности со децата на отворено – во природа. 

Еко Логик е партнер во овој проект.

OTHER News

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more

Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

Read more

Излези и научи Воннаставни активности

Во свет кој постојано се менува, традиционалниот начин на учење повеќе не е доволен за целосен развој на учениците. Токму затоа се појавува прирачникот „Излези и научи“ – иновативен ресурс кој ги охрабрува наставниците и учениците да излезат надвор од ѕидовите на училницата и да учат преку искуство, истражување и креативност. Овој прирачник, издаден од […]

Read more