Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ.
Обуката вклучува:
- 10 кратки едукативни сесии, организирани во два дена (ден 1 – онлајн, ден 2 – со физичко присуство). Главната цел на сесиите е пренос на теоретски знаења, размена на мислења, искуства и оценка на содржините за нивно подобрување.
- Посета на инспиративни центри или организации за едукација, обука и акција (ден 2).
- Теоретско запознавање со принципите на неформалното и информалното образование за животна средина за возрасни (модул 1); индивидуалната одговорност и медиумската писменост во образованието за животна средина за возрасни (модул 2); поттикнување на ангажираноста на возрасните во климатски и еко-акции преку граѓанска наука (модул 3); стратешко вмрежување за „зелено влијание“ (модул 4); и дизајнирање на партиципативни климатски и еко-акции (модул 5).
Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој вклучува теоретско-практичен дел и теренска посета, ќе се организира во Скопје.
Сите учесници кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за еко-едукатори за возрасни и ќе имаат можност самостојно да спроведуваат едукација за возрасни на темите.
Кандидатите е пожелно:
- Да имаат професионално искуство во организирање и спроведување на едукација за возрасни или да покажуваат интерес за организирање ваков вид на едукација.
- Да имаат искуство или интерес за спроведување на едукација за животна средина.
- Да имаат искуство или интерес за работа со лица во ризик (сиромаштија, социјална исклученост).
- Да сакаат да соработуваат со тимот и останатите учесници во обуката.
За пријавување: линк до формуларот за пријава
За повеќе информации: stojne.ecologic@gmail.com ; 076 669 565