Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и има за цел да ја поддржи зелената транзиција на европските МСП преку развој на нови профили на „Зелен лидер“ и иновативна обука за едукатори и бизниси.
Македонскиот партнер во проектот е Еко Логик, кој активно учествува во сите активности и придонесува кон градење на поодржлива и поконкурентна економија во Европа.
Следете нè за повеќе информации и наредните чекори на GreenLead!