Во март 2024 година, Еко Логик и општина Кочани го организираа првиот отворен инфо ден на кој, претставници од општини, локалните организации, бизниси, едукатори и новинари имаа можност да се запознаат со клучните цели и активности во проектот PRepare.
За време на настанот, обраќање имаа градоначалникот на општината – г-дин Љупчо Папазов, како и говорници кои претставија различни иницијативи за одржлив туризам, како и поттикнаа дискусија за состојбите со туризамот во Кочани и на Истокот.



