Презентација на H4U прирачникот во Битола: Едукативна дружба со учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“

Во рамки на проектот H4U , тимот на Еко Логик имаше можност да го презентира новиот едукативен прирачник пред учениците од 9-то одделение во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Овој настан претставуваше одлична можност да ги запознаеме учениците со значењето на природните живеалишта и биодиверзитетот, преку интерактивни и креативни активности кои се во согласност со […]

Во рамки на проектот H4U , тимот на Еко Логик имаше можност да го презентира новиот едукативен прирачник пред учениците од 9-то одделение во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Овој настан претставуваше одлична можност да ги запознаеме учениците со значењето на природните живеалишта и биодиверзитетот, преку интерактивни и креативни активности кои се во согласност со методологијата на проектот.

Целта на активностите беше да се поттикне љубопитноста и набљудувачките способности кај учениците, додека учат за значењето на екосистемите и природното богатство околу нив.

Игра 1: „Живеалишта за животни“

Учениците имаа задача да поврзат различни животни со нивните природни живеалишта. Преку оваа активност, дискутиравме за тоа како секое животно има свој дом во природата – шума, река, планина или ливада – и зошто е важно овие живеалишта да се зачуваат.

Игра 2: „Природно богатство“

Втората активност беше вистински предизвик за креативност и внимание. Учениците излегоа надвор и имаа задача да најдат лисја во форма на:

  • ❤️ срце
  • 💧 солза
  • 🔺 лист со три агли

Овие форми им помогнаа на учениците да размислуваат за природата преку визуелна и емоционална призма, а воедно и да научат повеќе за различните видови растенија во нивната околина.

Во ООУ „Гоце Делчев“ – Могила реализиравме работилница за H4U, во која учествуваа ученици од мешани одделенија – 5-то и 9-то. Заедно разговаравме за придобивките од престојот во природа, значењето на физичката активност и начинот на кој пешачењето може да се користи како алатка за учење. Работилницата овозможи размена на идеи и искуства меѓу учениците од различни возрасти, што придонесе за уште побогата дискусија и заедничко учење.

Учениците покажаа голем интерес и активно учествуваа во сите активности. Разговорите што ги водевме за време на игрите беа исполнети со љубопитност, креативни размислувања и свесност за важноста на природата. Со оваа презентација, не само што го претставивме H4U прирачникот, туку и успеавме да поттикнеме љубов и почит кон природното наследство кај најмладите.


Продолжуваме со активностите низ Македонија, едуцирајќи ги младите за важноста на зачувување на биодиверзитетот и природните ресурси.

OTHER Activities News

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍. Овојпат, ни се придружија Филип од Градината […]

Read more

Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации. За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да […]

Read more

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more