Работилница во рамки на проектот Хаб на истражувачи

🗣 Почнувајќи од петок до недела (20-22 септември), Еко Логик организира тридневна работилница и дискусија на тема зелени вештини и зелена транзиција на општините која ќе се случува во прекрасниот Еурохотел Градче во Кочани. 👥🌱 📅 Настанот е одлична можност да дознаете нешто повеќе за тоа, како да го забрзате процесот на зазеленување на вашата […]

🗣 Почнувајќи од петок до недела (20-22 септември), Еко Логик организира тридневна работилница и дискусија на тема зелени вештини и зелена транзиција на општините која ќе се случува во прекрасниот Еурохотел Градче во Кочани. 👥🌱

📅 Настанот е одлична можност да дознаете нешто повеќе за тоа, како да го забрзате процесот на зазеленување на вашата општина преку интересни, креативни и иновативни проекти и иницијативи на вашиот сектор и одделение, како и заеднички со останатите претставници на скопските општини, општина Кочани и Град Скопје да ко-креирате инклузивни и одржливи решенија за локалните и регионални проблеми и предизвици.

Па, доколку сте вработен во било која од општините во државата, сте заинтересирани за темите зелена транзиција и одржлив развој, сакате да учествувате во интересни, интерактивни и забавни активности кои ќе ви ја поттикнат креативноста и ќе ве инспирираат за нови и подобри активности за граѓаните, повелете и пријавете се: 👉 https://forms.gle/PMh9AQThGewEUwMS6 .

Ве очекуваме! 📮

Петок, 20 септември во 17 часот, Кочани.

Работилницата се организира во рамки на проектот Хаб на истражувачи, што Еко Логик го спроведува со поддршка на USA Embassy . Програмата и алатките кои ќе се спроведат на работилницата за зазеленување и вмрежување се изготтвени во рамки на Intergreen Erasmus + проектот. Истите се спроведуваат во Франција, Италија, Португалија, Грција и Кипар.

Трошоците за вашето учество се покриени од страна на организаторот.

OTHER Activities

ПРВАТА PREPARE ОБУКА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА – УСПЕШНО ПИЛОТ-ТЕСТИРАЊЕ

Кон крајот на февруари оваа година, Eco Logic го организираше првото пилот-тестирање на PREPARE обуката за одржлив туризам. Настанот се одржа во Мултикултурен центар во Кочани, каде што заедно со речиси 30-тина вработени од општината ја тестиравме платформата за е-учење и обуките што истата ги нуди. Што претставува PREPARE? PREPARE е проект кој има за […]

Read more

Учениците од ООУ „Круме Кепески“ учеа за циркуларна економија и биоотпад

Одржливиот развој започнува со едукација! Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, реализиравме интерактивна работилница со ученици од ООУ „Круме Кепески“ од Општина […]

Read more

Одбележување на Денот на Извидниците и Промоција на Прирачникот H4U

Вчера го одбележавме Денот на Извидниците, ден исполнет со авантура, тимска работа и посветеност. Беше прекрасно да се собереме заедно, да ги споделиме искуствата и да го славиме духот на извидничките вредности, кои не водат кон личен развој и изградба на посилни заедници. Извидништвото не се состои само во активностите на отворено – тоа е […]

Read more

Завршен настан на проектот Sustainability Coaches

Во просториите на Mladi Hub, се одржа завршниот настан на проектот „Sustainability Coaches“, кој ги собра на едно место едукатори, ентузијасти и експерти посветени на унапредување на образованието за одржливост. Овој настан беше не само можност да ги споделиме резултатите од проектот, туку и да се инспирираме за идни иницијативи и соработки. Клучни моменти од […]

Read more

Локалните семинари за одржлив спорт успешно завршени

Изминатите два дена беа исполнети со инспирација, продуктивни дискусии и важни придонеси за иднината на спортот. Како дел од проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, спортисти, тренери, волонтери и менаџери ги споделија своите идеи за креирање на Sustainable Sport Governance Chart. Клучни теми што ги опфативме Ова беше значаен чекор кон […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more