На 28 октомври 2022 година во Будимпешта, Унгарија, партнери во The Art of Cycling организираа работилница за велосипедизам за наставници.
Преку работилницата, на наставниците им беа презентирани примери за како на забавен, практичен и интерактивен начин – преку игрa да организираат предавање за правилно и безбедно возење велосипед.
Покрај тоа, наставниците, возејќи велосипед во група, ја истражуваа, анализираа и дискутираа велосипедската инфраструктура на делови на Будимпешта, и на терен тестираа неколку различни сообраќајни ситуации при возење велосипед.
–
Проектот „The Art of Cycling“ има за цел да поттикне заеднички иницијативи за одржлив транспорт и урбана мобилност. Проектот го спроведуваат организации од Македонија, Унгарија и Италија. Истиот е финансиран преку Еразмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Еко Логик е координатор на проектот.