Светски ден на планината!

World mountain day! Дали знаете дека? ⛰️ На подрачјето на Република Македонија се издигаат дури 40-тина планини и планински масиви, Типичен планински простор зафаќа 50% од вкупната територија на државата. Од толкавиот број планини, 13 се повисоки од 2000 м.н.в., така што за македонски, па и балкански услови се високи планини. Тоа се: Кораб, Шар Планина, […]

World mountain day!

Дали знаете дека?

⛰️ На подрачјето на Република Македонија се издигаат дури 40-тина планини и планински масиви, Типичен планински простор зафаќа 50% од вкупната територија на државата. Од толкавиот број планини, 13 се повисоки од 2000 м.н.в., така што за македонски, па и балкански услови се високи планини. Тоа се: Кораб, Шар Планина, Пелистер, Мокра, Ниџе, Галичица, Стогово, Јабланица, Осоговски Планини, Кожуф, Бистра, Добра Вода и Беласица.

Исто така …

⛰️ Планинските екосистеми се исклучително кревки и под закана од климатските промени, деградацијата на земјиштето и природните катастрофи

Повеќе информации можете да прочитате на следните линкови:

1. Националната стратегија за заштита на природата (2017-2027)
https://www.moepp.gov.mk/…/STRATEGIJA%20%20ZA%20ZASTITA%20N…

2. Обединети нации
https://www.un.org/en/observances/mountain-day

Оваа активност е реализирана од Здружение на граѓани Еко Логик, во рамки на проектот “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).

#MountainsMatter #ecologic #екологик #велоучилишта #планини #животнасредина #климатскипромени #уницеф

OTHER Activities News

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more