Спортот како алатка за заштита на животната средина

Во светот денес, климатските промени и заштитата на животната средина се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Проектот „Sport for Green Future“, финансиран од програмата Еразмус+, има за цел да ги обедини спортските организации и младите луѓе во борбата за почиста и поодржлива иднина. Преку своите активности го промовираме велосипедизмот како здрав, еколошки […]

Во светот денес, климатските промени и заштитата на животната средина се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Проектот „Sport for Green Future“, финансиран од програмата Еразмус+, има за цел да ги обедини спортските организации и младите луѓе во борбата за почиста и поодржлива иднина. Преку своите активности го промовираме велосипедизмот како здрав, еколошки и алтернативен начин на транспорт.

Придонес на „Eco Logic“ преку програмата „Вело Училишта “

Програмата „Вело Училишта “ има за цел е да ги едуцира учениците за важноста на одржливиот транспорт и да ги поттикне да користат велосипеди наместо автомобили. Оваа иницијатива не само што ги учи децата за безбедноста во сообраќајот, туку и за позитивните ефекти врз животната средина преку намалување на емисиите на штетни гасови.

Во 2022 година, „Eco Logic“ воспостави едукативна велосипедска патека долга 6-7 километри, која се користи за учење на децата и семејствата за биодиверзитетот и правилното одржување на велосипедите. Ова е само еден од многуте примери како спортот и образованието можат да се комбинираат за да се постигне одржлива иднина.

Важноста на спортот во заштитата на животната средина

Спортот е силна алатка за едукација на младите за заштита на животната средина. Спортските организации, како „Eco Logic“, ги користат спортските активности за да го подигнат нивото на свесност кај младите за важноста на чистата животна средина. Преку велосипедизам, пешачење, и други спортски активности, децата учат за екологијата и како нивните мали акции, како собирањето отпадоци, можат да имаат големо влијание.

Проектот „Sport for Green Future“ е одличен пример за тоа како спортот може да биде катализатор за позитивни промени во однос на заштитата на животната средина. Токму ваквите иницијативи ги инспирираат младите да бидат поодговорни и свесни за природата, како и да ја препознаат својата улога во создавањето на одржлива иднина.

OTHER Uncategorized

Инспиративен GREEEN настан во Скопје!

🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍📍 30 април | Младински Центар Матично Под мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network. […]

Read more

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Локација: Скопје (Карпош)Тип на ангажман: Полно работно време (40 часа неделно), работа во канцеларијаРок за аплицирање: 25.04.2025 Процес на селекција:▪️Првична селекција на кандидати – до 30.04.2025▪️Интервјуа со селектирани кандидати – 05–07.05.2025▪️Тест активност (концепт-нота) –08–09.05.2025▪️Финална одлука и известување – до 12.05.2025▪️Планиран почеток: 15.05.2025 За нас – Еко ЛогикЕко Логик е граѓанска организација посветена на одржлив развој, […]

Read more

Политики на приваност

Политики на приваност “Еко Училница“ Еко Логик како сопственик на мобилната апликација “Еко Училница“, се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците. Ние ја цениме вашата приватност и сме посветени на заштита на вашите лични податоци. Оваа политика на приватност, објаснува како се управува со податоците поврзани со користење на апликацијата […]

Read more

Национален младински совет на Македонија – НМСМ

Национален младински совет на Македонија – НМСМ Националниот младинскиот совет на Македонија НМСМ e сојуз на здруженија во кој на доброволна основа членуваат здруженија и фондации од Република Македонија. НМСМ е основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации. НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 51 организација: […]

Read more

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА СРЕДНИ УЧИЛИШТА

ЦИРКУЛАРНА ХЕМИЈА ВО ДИГИТАЛНА ЕРА Со задоволство го претставуваме нашиот најнов образовен проект – „Циркуларна хемија во дигиталната ера“. Оваа програма има за цел да ги инспирира средношколците со идеи за циркуларна економија, која ги промовира повторната употреба, рециклирањето и одговорното управување со ресурсите. Што значи „циркуларна економија“?Во основа, циркуларната економија е модел што се […]

Read more

Граѓански активизам за остварување на циркуларнаекономија во управувањето со органски отпад

Наслов на проектот :Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. “Civic activism for succeeding of a circular economy in the organic waste management” Времетраење на грантот 28 месеци Вкупен буџет 5,500.000.00 МКД Кратко објаснување за избраната специфична тема/област: Циркуларна економија е една од 5-те главни столбови на коишто почива ЕУ […]

Read more