GLOW во ЈУГД „Весели цветови“ – Скопје

Во ноември, во објектот „Ѓурѓица“ на градинката „Весели Цветови“ – Скопје, беа организирани неколку едукативно-рекреативни активности за деца на отворено. Една од активностите, организирани во овој период беше и играта со натпреварувачки карактер – „Кој прв до целта“. Во рамки на активноста, децата требаше да минат низ најразлични пречки од столчиња до хулахопи и сл., […]

Во ноември, во објектот „Ѓурѓица“ на градинката „Весели Цветови“ – Скопје, беа организирани неколку едукативно-рекреативни активности за деца на отворено. Една од активностите, организирани во овој период беше и играта со натпреварувачки карактер – „Кој прв до целта“. Во рамки на активноста, децата требаше да минат низ најразлични пречки од столчиња до хулахопи и сл., а првиот до целта беше победник. Активностите на отворено на градинката беа организирани со цел да се развие натпреварувачкиот дух кај децата, да вежбаат баланс, снаодливост, како и да се забавуваат. Истите беа организирани од учителките Елена Гоговска и Ане Велјановска.

OTHER News

Петочко Хуманитарно Готвење: Заедно за Поддршка и Свесност

Минатата недела ја завршивме со исклучително значаен и инспиративен настан – петочко хуманитарно готвење организирано во рамки на иницијативата „Ретвитни оброк – Retweet a meal“. На овој настан, група посветени и прекрасни луѓе се собраа со една заедничка цел: да помогнат на оние што имаат потреба од поддршка и да поттикнат поголема свест за хуманоста […]

Read more

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон – Скопје, објавува повик за избор на физичко или правно лице за подготовка на медиумски план и развој на визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна […]

Read more

Новите прирачници за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени се достапни на веб-страницата на БРО

Два нови прирачници изработени од Еко Логик во соработка (ко-креација) со Бирото за развој на образованието (БРО), чии автори се Кирил Арсовски – Пржо, Никола Нешкоски, Славица Несторовска, Билјана Арсовска и м-р Иванка Мијиќ, од минатата недела се официјално објавени на веб-страницата на БРО. Сите основни училишта во Македонија добија задолжение да спроведат дел од […]

Read more