ЈУГД Срничка Скопје

Секој родител сака детето да му порасне во здрава и свесна личност со чувство на независност и емпатија. А, најдобриот начин да го постигнеме тоа е да ги изнесеме надвор – во природата; да ги поттикнеме да поминуваат што е можно повеќе време на отворено, социјализирајќи се со други деца, работејки на заеднички мали проекти […]

Секој родител сака детето да му порасне во здрава и свесна личност со чувство на независност и емпатија. А, најдобриот начин да го постигнеме тоа е да ги изнесеме надвор – во природата; да ги поттикнеме да поминуваат што е можно повеќе време на отворено, социјализирајќи се со други деца, работејки на заеднички мали проекти за животната средина (се разбира) и живиот свет во неа.

Токму ваква една активност, во текот на ноември беше организирана во ЈОУГД „Срничка“ во Скопје. Групата „срнички“, заедно со нивната учителка Атинула Ничова, зборуваа и учеа за птиците така што, правеа хранилка за птици и ги набљудуваа птиците во дворот. Постои ли подобар начин да ја развиете љубовта на вашите деца кон природата и птиците од овој?! 

Активностите на отоврено се организираат во рамки на Glow проектот, кој освен во Македонија, се спроведува во Данска, Кипар, Португалија и Словачка. Проектот е поддржан преку Erasmus Plus програмата и истиот цели да поттикне едукативни еко активности со децата надвор – на отворено. Еко Логик е партнер во овој проект.

OTHER News

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more

Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

Read more

Излези и научи Воннаставни активности

Во свет кој постојано се менува, традиционалниот начин на учење повеќе не е доволен за целосен развој на учениците. Токму затоа се појавува прирачникот „Излези и научи“ – иновативен ресурс кој ги охрабрува наставниците и учениците да излезат надвор од ѕидовите на училницата и да учат преку искуство, истражување и креативност. Овој прирачник, издаден од […]

Read more