Алатката за дискусија на целите за одржлив развој има цел да креира систематска дискусија при анализа на некоја цел за време на работилници или тренинг курсеви. Алатката е пригодна за дискусија на различни тематики каде е потребен сопфатен пристап.
Главната цел на алатката е стимулирање на дискусија во насока на постигнување на одредена цел преку идентификување на придобивките и предизвиците и согледување на нивното влијание од четири различни аспекти: политички, економски, социјален и од аспект на животната средина.
Алатката за дискусија на целите за одржлив развој е составена од следните три чекори:
- Генерална дискусија за целите и избор на цели кои понатаму ќе бидат разгледувани;
- Препознавање на придобивките и предизвиците кои потекнуваат од избраната цел;
- Препознавање на влијанието на конкретната цел врз политиката, економијата, животната средина и општеството.
Алатката за дискусија на целите за одржлив развој е флексибилна и може да се користи на различни начини за време на работилниците и тренинг курсевите.
Потребното време за дискусија зависи од знаењето на учесникот и неговиот интерес за дискусија на одредена тема: Ако работилницата цели кон анализа и разбирање на темата, потребни се минимум 3 часа за комплетирање на дискусијата и сите чекори. За ова време, предвидени се и кратки кафе-паузи. Кога дискусијата е завршена, секој тим има 15 минути да ја презентира нивната дискусија пред другите учесници.
Како функционира алатката?
Чекор 1
На почетокот на оваа сесија, учесниците треба да кажат што подразбираат тие под терминот “цел за одржлив развој” и кои се најважни цели според нив. Понатаму, учесниците се поделени во тимови и бројот на членови во тимот зависи од бројот на севкупни учесници. Преку дискусија, секој тим предложува една цел која е важна за нив. Потоа, секоја цел е презентирана во кратки црти пред другите тимови и преку гласање, учесниците бираат една цел која понатаму ќе биде дискутирана од секој тим. За време на гласањето, секој учесник има право да гласа за една цел која не е предложена од неговиот тим.
Чекор 2
По селекцијата на одредена цел, секој тим треба да посочи две главни придобивки од таа цел. За секоја придобивка е потребно да се определат корисниците и две можности кои се создаваат за овие корисници. На крајот се претставуваат два можни исходи кои произлегуваат од претставените можности. Потоа се идентификуваат два предизвици поврзани со целта. За секој предизвик се предлагаат две акции со кои би се надминал предизвикот и се определуваат засегнатите страни.
Чекор 3
Во третата фаза е потребно да се препознае влијанието на конкретната цел врз политиката, економијата, животната средина и општеството. За секој аспект, тимот треба да посочи две придобивки и два предизвици, и понатаму да се одредат корисниците на тие придобивки, да се одредат создадените можности и исходи од придобивките, како и потребни акции и засегнати страни за предложените предизвици.
Дискусија
По дискусијата, секој тим ги презентира клучните делови од нивната дискусија пред другите учесници, пришто сите учесници имаат шанса да постават прашања и да ја продолжат дискусијата за целите за одржлив развој.