Брошура за студии на случај и транснационални наоди на тема одржлив туризам и зелени работни места

Во текот на 2023 година, партнерите во Еразмус+ проектот „PREPARE“ предводен од Општина Ушак, Турција, а спроведуван од организации и општини и од Македонија, Грција и Италија, спроведоа серија активности кои имаа за цел да истражат различни аспекти на одржливиот туризам и зелените работни места во четирите држави. Оваа транснационална брошура за студии на случај е […]

Во текот на 2023 година, партнерите во Еразмус+ проектот „PREPARE“ предводен од Општина Ушак, Турција, а спроведуван од организации и општини и од Македонија, Грција и Италија, спроведоа серија активности кои имаа за цел да истражат различни аспекти на одржливиот туризам и зелените работни места во четирите држави. Оваа транснационална брошура за студии на случај е резултат на тие активности. Брошурата е изработена со поддршка на Европската Унија, преку Еразмус+ програмата и Турската национална агенција. Истата има за главна цел да го прошири знаењето за зелените работни места и вештини на иднината, фокусирајќи се првенствено на темата одржливост и на секторот туризам, како и на темата јакнење на зелената економија.  Брошурата претставува консолидирана и компаративна анализа на податоците собрани преку примарни и секундарни истражувачки активности реализирани во рамки на проектот во четирите држави – учеснички во проектот и тоа, Грција, Италија, Северна Македонија и Турција. Преку сеопфатната анализа на националните наоди, овој извештај има за цел да презентира иницијативи и практики на тема одржлив туризам, воспоставени во четирите држави; да ги нотира пречките со кои секторот туризам се соочува, како и да проследи информации за тоа, како различните засегнати страни во четирите држави, одговориле на истите. Врз основа на анализа на релевантна литература и резултатите од теренското испитување, заклучокот кој може да се направи е дека, и покрај значителниот напредок во однос на одржливиот туризам, има уште многу што да се направи. Во сите четири држави беше забележан висок процент на испистаници кои покажаа недостаток на знаење и разбирање за прашањето за одржлив туризам и зелени работни места. Како резултат на тоа, она што се појави како апсолутна неопходност за унапредување на туризмот е обезбедување на обука и доквалификација во областа на одржлив туризам за сите возрасти. Ваквата обука и доквалификација се неопходни за создавање на еко-свесна генерација која ќе продолжи да промовира и да се залага за одржливи и зелени практики, политики и иницијативи.

OTHER Activities Uncategorized

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more