Bure Cycle – Нашата визија доби поддршка преку нов грант

Со гордост објавуваме дека Еко Логик доби грант за својот концепт Bure Cycle – креативно и одржливо решение за паркирање велосипеди, изработено од повторно искористени метални буриња и стари велосипедски гуми. Оваа поддршка ни овозможува да започнеме со имплементација на проектот, со цел да ја поттикнеме циркуларната економија и одржливата мобилност. Концептот беше развиен и […]

Со гордост објавуваме дека Еко Логик доби грант за својот концепт Bure Cycle – креативно и одржливо решение за паркирање велосипеди, изработено од повторно искористени метални буриња и стари велосипедски гуми. Оваа поддршка ни овозможува да започнеме со имплементација на проектот, со цел да ја поттикнеме циркуларната економија и одржливата мобилност.

Концептот беше развиен и претставен во рамки на првата Академија за циркуларна економија, организирана од АРНО. Академијата обедини 12 тимови со иновативни и еколошки насочени идеи и претставуваше извонредна можност за учење, соработка и развој. Преку работилници, менторства и вмрежување, ја зајакнавме нашата визија и ја поставивме основата за нејзина реализација.

Со Bure Cycle сакаме да покажеме дека од отпадот може да се создадат функционални и убави решенија кои одговараат на потребите на заедницата и истовремено го промовираат циркуларниот начин на живеење.

Следува највозбудливиот дел – имплементацијата.

OTHER Activities Events News

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more