Превземи Јавен повик (doc)
1. Краток опис на проектот
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
2. Цели на проектот
Генерална цел:
Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
- Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
- Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
- Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
- Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Во рамките на проектот предвидено е одржување на неколкумесечна обука на 20 -тина учесници, базирана на креирана образовна програма со назив: “Аналитичар за одржлив развој” и прирачник со назив: “Манаџмент на одржлив развој” во кои се содржани следните модули, кои е задолжително да бидат застапени како предавања во теоретскиот дел од обуката:
- Модул 1: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
- Модул 2: Еколошка политика;
- Модул 3: Еко иновации за одржлив развој;
- Модул 4: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
- Модул 5: Почисто производство;
- Модул 6: Глобални економски и светски трендови;
- Модул 7: Еко – дизајн;
- Модул 8: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој:
- Модул 9: Методологии за одржлив развој;
- Модул 10: Одржливост во домови
- Модул 11: Практична работа и изработка на студии на случаи (Case Studies)
Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Здружението на граѓани Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на помлад експерт/и за поддршка на сениор експерт/и при спроведување на поединечни пакети на модули од образовната програма “Аналитичар за одржлив развој”.
Помладите експерти кои ќе решат да се пријават на отворениот повик за поддршка на реализација на обуката со назив “Аналитичар за одржлив развој“, ќе може да достават понуди согласно пакетите на модули, селектирани од страна на Здружението Еко Логик.
Помладите експерти ќе може да се пријават за еден или за сите понудени пакети на модули. Нема ограничувања во поглед на понудите.
3. Пакети на модули за помлади експерти
Пакет 1:
- Модул 1: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво
- Модул 2: Еколошка политика
- Модул 4: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој
- Модул 5: Ефикасност на природни ресурси и почисто производство
- Модул 8: Алатки за организација и рализација на одржлив развој
- Модул 9: Методологии за одржлив развој
- Модул 11: Практична работа и изработка на студии на случај (Case Studies)
Пакет 2:
- Модул 3: Еко – иновации за одржлив развој
- Модул 6: Глобални економски и светски трендови
- Модул 7: Еко – дизајн
- Модул 10: Одржливост во домови
- Модул 11: Практична работа и изработка на студии на случај (Case Studies)
4. Работни задачи на помлад експерт
Ангажираниот помлад експерт кој ќе учествува во спроведувањето на горенаведената образовна програма преку поддршка на сениор експертот во спроведување на еден од наведените пакети на модули ќе треба да ги извршува следните работни задачи:
- Поддршка на сениор експерт при подготовка на план за користење на едукативни материјали во соодветниот пакет на модули;
- Поддршка на сениор експерт при подготовка на план за спроведување на обуката во соодветниот пакет на модули;
- Присуство на консултациски тимски средби со тимот на Еко Логик за дефинирање на содржината на едукативните материјали, презентациите на модулите и материјалите за самонасочено учење во текот на обуката;
- Поддршка на сениор експерт при подготовка на презентации, едукативни материјали и материјали за самонасочено учење за предавање за секој модул од соодветниот пакет на модули;
- Реализација на дел од предавањата во меѓусебна соработка со сениор експертот;
- Поддршка на сениор експертот при подготовка на материјали за евалуација/ оценување на прогресот на учесниците;
- Пружање на дополнителна поддршка на учесниците во процесот на стекнување на знаења за соодветниот пакет на модули;
- Подготовка на студии на случај кои ќе бидат решавани од страна на учесниците како пректичен дел од обуката;
- Давање насоки на учесниците за изработка на студии на случај како практичен дел од обуката.
Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.07.2018 година до 17.00 часот