Call for hiring a Senior Expert

call-for-hiring-a-specialist-for-social-media

Јавен повик за ангажирање на сениор експерт/и за спроведување на обуки за стручно образование базирани на креирана образовна програма “Аналитичар за одржлив развој“

Превземи Јавен повик (doc)

1. Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

2. Цели на проектот

Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

  • Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
  • Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
  • Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
  • Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

 Во рамките на проектот предвидено е одржување на неколкумесечна обука на 20 -тина учесници, базирана на креирана образовна програма со назив: “Аналитичар за одржлив развој” и прирачник со назив: “Манаџмент на одржлив развој” во кои се содржани следните модули, кои е задолжително да бидат застапени како предавања во теоретскиот дел од обуката:

  • Модул 1: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
  • Модул 2: Еколошка политика;
  • Модул 3: Еко иновации за одржлив развој;
  • Модул 4: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
  • Модул 5: Почисто производство;
  • Модул 6: Глобални економски и светски трендови;
  • Модул 7: Еко – дизајн;
  • Модул 8: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој:
  • Модул 9: Методологии за одржлив развој;
  • Модул 10: Одржливост во домови
  • Модул 11: Практична работа и изработка на студии на случаи (Case Studies)

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Здружението на граѓани Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на сениор експерт/и за спроведување на горенаведените модули од образовната програма “Аналитичар за одржлив развој”.

3. Работни задачи на сениор експерт

Ангажираниот  сениор експерт кој ќе учествува во спроведувањето на горенаведената образовна програма ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Подготовка и споделување на план за користење на едукативни материјали во процесот на обука, со цел спроведување на обуката во согласност со горенаведените модули;
  • Подготовка на генерален план за спроведување на обуката во согласност со горенаведените модули (времетраење, термини, број на часови неделно, редослед на теми и модули, итн);
  • Присуство на консултациски тимски средби со тимот на Еко Логик за дефинирање на содржината на едукативните материјали, презентациите за реализација на модулите, како и селекција на материјали за самонасочено учење во текот на обуката;
  • Подготовка на презентации за модулите, селекција и споделување на материјали за самонасочено учење за предавање;
  • Подготовка на материјали за евалуација/ оценување на прогресот на учесниците;
  • Предложување на одредени ситуации и/или проблеми во разни организациски единици кои ќе бидат предмет на решавање од страна на учесниците како пректичен дел од обуката – студии на случај (општини, образовни институции, производствени погони, домаќинства и сл.);
  • Давање насоки на учесниците во обуката во поглед на реализирањето на студиите на случај;
  • Подготовка на тестови и/или други материјали за проверка на знаењето на учесниците;
  • Оценување на учесниците.

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.07.2018 година до 17.00 часот

OTHER Calls

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Read more

Барање понуда за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани, За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината. I. Општи информации (1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела). (2) Обуката […]

Read more

Повик за учество на обуки Green Skills 4 Women

Почитувани, Како дел од Еразмус програмата, Здружение за едукација и развој Видливост и Здружение на граѓани Еко Логик објавуваат повик за учество на обуки, како дел од проектот насловен Green Skills 4 Women. Трите обуки кои се опфатени во рамките на самиот проект се однесуваат на темите: Еко иновации, Еко политики и Одржлив равој. Целите […]

Read more

Повик за прибирање на понуди за постпродукција на видеа

Почитувани, Здружението на граѓани Еко Логик, преку Еразмус програмата имплементира проект насловен “Circle lab“. Целта на проектот има за цел да го поддржи професионалниот развој на професорите преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта. Во рамки на проектот ќе бидат подготвени дидактички материјали и едукативна […]

Read more

Oглас за вработување

Здружението на Граѓани ЕКО ЛОГИК, има потреба од нов(и) член(ови) во тимот кој/кои ќе се вклучат во планирање, креирање и имплементација на активности кои се дел од тековното работење на здружението.

Read more

Јавен повик за ангажирање експерт за подготовка на истражување за зелени вештини и нивниот потенцијал во средното образование во Северна Македонија

Здружение на граѓани “Еко Логик”, во рамки на проектот: “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) и партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна […]

Read more