Call for hiring an expert / advisor

call-for-hiring-a-specialist-for-social-media

Јавен повик за ангажирање на експерт/советник за вклучување во тековни активности на проектот: “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Превземи Јавен повик (doc)

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

1. Краток опис на проектот

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

 2. Цели на проектот

Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

  • Цел 1: Вклучување на граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
  • Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
  • Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
  • Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Граѓанското здружение Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на експерт  за вклучување во тековните проектни активности.

3. Работни задачи на експерт/советник

Ангажираниот  експерт кој ќе учествува во тековните активности на проектот ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Присуство на консултациски средби со тимот на Еко Логик на кои ќе се дискутира за тековниот напредок на проектот, идни активности
  • Вклученост во подготовка на документ за анализа и коментирање на “Националната стратегија за млади“
  • Присуство на обуки за “Аналитичар за одржлив развој“ и подготовка на евалуациска и мониторинг документација која ќе се пополни во соработка со проектниот тим на Еко Логик
  • Организирање на процесот на практична работа (набљудување и вршење на проценка за одржливост при работењето) за вклучените учесници на обуката за “Аналитичар за одржлив развој“, во правни лица од тип на: здруженија на граѓани, едукативни институции (градинки, основни и средни училишта и/или факултети), мали и средни компании, како и приватни домови и други правни субјекти.
  • Комуникација со учесниците на обуките (20 луѓе) и нивна координација и информирање за текот на обуките, динамиката на предавања,како и дополнително објаснување за темата одржлив развој.
  • Учество на средби за креирање на едукативна друштвена игра/алатка, како и  комуникација со тим кој ќе биде задолжен за истата (предложување на идеи, давање совети поврзани со опфаќање на темите одржлив развој, екологија и животна средина итн.)
  • Организирање и вклученост во 3 (три) интерактивни работилници со 25 учесници по работилница на кои ќе се претстави едукативната друштвена игра/алатка која ќе се креира од страна на тимот на ЕКо Логик во соработка со надворешни експерти.
  • Предложување на листа на потенцијални клучни засегнати страни со цел нивно вклучување во проектните активности (пример: мали и средни претпријатија, здруженија на граѓани, и др.), како и остварување комуникација со истите.

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.04.2018 година до 17.00 часот.

OTHER Calls

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00Платформа: Zoom (линкот ќе биде испратен до регистрираните учесници)Секој учесник ќе добие сертификат за учество […]

Read more

Open Call for Volunteers: EU and Non-EU Participants

Are you looking for an opportunity to make a meaningful impact on the environment and your community? Do you want to gain hands-on experience in sustainability and youth work while exploring a vibrant city in North Macedonia? This is your chance to join Eco-Logic, a non-profit organization dedicated to promoting sustainability, environmental protection, and community […]

Read more

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Read more

Барање понуда за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани, За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината. I. Општи информации (1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела). (2) Обуката […]

Read more