Call for hiring an expert(s) or company for creating and designing an educational board game

call-for-hiring-a-specialist-for-social-media

Јавен повик за ангажирање на Експерт(и) за креирање и изработка на едукативна друштвена игра/алатка за унапредување на образовна програма со назив “Аналитичар за одржлив развој”

Превземи Јавен повик (doc)

1. Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

2. Цели на проектот

 Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

  • Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
  • Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
  • Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
  • Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидена е изработка на едукативна друштвена  игра/алатка на тема “Одржлив развој на заедниците”, која ќе има за цел да ја  унапреди образовната програма  за “Аналитичар за одржлив развој“, и да воведе иновативни методи во процесот на учење/предавање, со цел зголемување на ефективноста и квалитетот на истиот. Едукативната друштвена игра/алатка треба да биде креирана во согласност со податоците добиени од страна на Еко Логик, со акцент на следните области:

  • Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
  • Еколошка политика;
  • Еко иновации за одржлив развој;
  • Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
  • Почисто производство;
  • Глобални економски и светски трендови;
  • Еко – дизајн;
  • Алатки за организација и реализација на одржливиот развој:
  • Методологии за одржлив развој;
  • Одржливост во домови;
  • Европска и македонска легислатива;
  • Одржлив развој во заедницата.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Граѓанското здружение Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на експерт(и) за развој и креирање на едукативна друштвена игра/алатка.

ВАЖНО: договорот за изработка на едукативна друштвена игра/алатка може да биде доделен на физичко лице (индивидуален експерт, и/или тим на експерти), и/или на правно лице (фирма/организација).

3. Работни задачи на експертот

Сите ангажирани експерти (физички и/или правни лица) кои ќе учествуваат во креирањето и изработката на играта ќе треба да ги извршуваат следните работни задачи:

  • Подготовка и презентација на неколку концепти во иницијалната фаза на развивање на едукативната игра;
  • Понатамошно развивање на еден од презентираните концепти кој е избран во соработка со тимот на Еко Логик, до финална фаза;
  • Подготовка на план и временска рамка за развој и тестирање на едукативната игра;
  • Присуство на консултациски тимски средби за дискусија и дефинирање на процесот на креирање на содржината на едукативната игра;
  • Развој на едукативната игра во согласност со горенаведените содржини на модулите од едукативната програма “Аналитичар за одржлив развој“
  • Подготовка на финална верзија на едукативната игра врз основа на спроведените тестирања со различни целни групи;
  • Соработка со графички дизајнер во процесот на изработка на дизајнот на едукативната  игра, и/или обезбедување на финален графички дизајн за играта (доколку е фирма / правно лице).

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 27.04.2018 година до 17.00 часот.

OTHER Calls

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Read more

Барање понуда за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани, За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината. I. Општи информации (1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела). (2) Обуката […]

Read more

Повик за учество на обуки Green Skills 4 Women

Почитувани, Како дел од Еразмус програмата, Здружение за едукација и развој Видливост и Здружение на граѓани Еко Логик објавуваат повик за учество на обуки, како дел од проектот насловен Green Skills 4 Women. Трите обуки кои се опфатени во рамките на самиот проект се однесуваат на темите: Еко иновации, Еко политики и Одржлив равој. Целите […]

Read more

Повик за прибирање на понуди за постпродукција на видеа

Почитувани, Здружението на граѓани Еко Логик, преку Еразмус програмата имплементира проект насловен “Circle lab“. Целта на проектот има за цел да го поддржи професионалниот развој на професорите преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта. Во рамки на проектот ќе бидат подготвени дидактички материјали и едукативна […]

Read more

Oглас за вработување

Здружението на Граѓани ЕКО ЛОГИК, има потреба од нов(и) член(ови) во тимот кој/кои ќе се вклучат во планирање, креирање и имплементација на активности кои се дел од тековното работење на здружението.

Read more

Јавен повик за ангажирање експерт за подготовка на истражување за зелени вештини и нивниот потенцијал во средното образование во Северна Македонија

Здружение на граѓани “Еко Логик”, во рамки на проектот: “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) и партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна […]

Read more