Превземи Јавен повик (doc)
1. Краток опис на проектот
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
2. Цели на проектот
Генерална цел:
Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
- Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
- Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
- Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
- Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Во рамките на проектот предвидена е изработка на едукативна друштвена игра/алатка на тема “Одржлив развој на заедниците”, која ќе има за цел да ја унапреди образовната програма за “Аналитичар за одржлив развој“, и да воведе иновативни методи во процесот на учење/предавање, со цел зголемување на ефективноста и квалитетот на истиот. Едукативната друштвена игра/алатка треба да биде креирана во согласност со податоците добиени од страна на Еко Логик, со акцент на следните области:
- Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
- Еколошка политика;
- Еко иновации за одржлив развој;
- Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
- Почисто производство;
- Глобални економски и светски трендови;
- Еко – дизајн;
- Алатки за организација и реализација на одржливиот развој:
- Методологии за одржлив развој;
- Одржливост во домови;
- Европска и македонска легислатива;
- Одржлив развој во заедницата.
Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Граѓанското здружение Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на експерт(и) за развој и креирање на едукативна друштвена игра/алатка.
ВАЖНО: договорот за изработка на едукативна друштвена игра/алатка може да биде доделен на физичко лице (индивидуален експерт, и/или тим на експерти), и/или на правно лице (фирма/организација).
3. Работни задачи на експертот
Сите ангажирани експерти (физички и/или правни лица) кои ќе учествуваат во креирањето и изработката на играта ќе треба да ги извршуваат следните работни задачи:
- Подготовка и презентација на неколку концепти во иницијалната фаза на развивање на едукативната игра;
- Понатамошно развивање на еден од презентираните концепти кој е избран во соработка со тимот на Еко Логик, до финална фаза;
- Подготовка на план и временска рамка за развој и тестирање на едукативната игра;
- Присуство на консултациски тимски средби за дискусија и дефинирање на процесот на креирање на содржината на едукативната игра;
- Развој на едукативната игра во согласност со горенаведените содржини на модулите од едукативната програма “Аналитичар за одржлив развој“
- Подготовка на финална верзија на едукативната игра врз основа на спроведените тестирања со различни целни групи;
- Соработка со графички дизајнер во процесот на изработка на дизајнот на едукативната игра, и/или обезбедување на финален графички дизајн за играта (доколку е фирма / правно лице).
Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 27.04.2018 година до 17.00 часот.