Call for hiring expert(s) for writing an educational program and guidebook

call-for-hiring-a-specialist-for-social-media

Јавен повик за ангажирање на Експерт(и) за изработка на прирачник со назив “Менаџмент на одржлив развој“ и образовна програма со назив “Аналитичар за одржлив развој“

Превземи Јавен повик (doc)

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ во период од 18 месеци, почнувајќи од 19-ти декември започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

1. Краток опис на проектот

Предложената акција се фокусира на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, и ќе се надополни една постоечка програма за стручно образование и обука со комбинирање на две компоненти, помош      на стари лица во домашни услови и одржливост во домовите. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

2. Цели на проектот

Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

  • Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
  • Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
  • Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
  • Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидено е изработка на образовна програма со назив: “Аналитичар за одржлив развој“ и прирачник со назив “Менаџмент на одржлив развој” кој треба да е комплементарен со програмата. За креирање на програмата и соодветниот прирачник ќе бидат ангажирани експерти со соодветно искуство во развој на образовни програми за возрасни. Во програмата и прирачникот треба да бидат содржани следните теми, креирани како модули:

  • Модул 1: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
  • Модул 2: Еколошка политика;
  • Модул 3: Еко иновации за одржлив развој;
  • Модул 4: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
  • Модул 5: Почисто производство;
  • Модул 6: Глобални економски и светски трендови;
  • Модул 7: Еко – дизајн;
  • Модул 8: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој:
  • Модул 9: Методологии за одржлив развој;
  • Модул 10: Одржливост во домови;
  • Модул 11: Практична работа и изработка на студии на случаи (Case Studies).

Забелешка* Студиите на случај ќе бидат издвоени и изработени од анализата на одржлив развој која ќе ја изработат учесниците на обуката во рамките на практичниот дел.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Граѓанското здружение Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на експерт(и) за изработка на горенаведените програма и прирачник.

 3. Работни задачи на експертите

Aнгажирани експерт(и) кои ќе учествуваат во изработката на прирачникот ќе треба да ги извршат следниве работни задачи:

  • Преглед, предложување и доставување на литература релевантна за  горенаведените модули;
  • Споредба на македонска и европска литература на дадените теми
  • Подготовка и доставување на временска рамка за истражување и подготовка на модул(и);
  • Присуство на консултациски средби со тимот на Еко Логик за дефинирање и дискутирање на содржината на модулите, вклучувајќи и навремена онлајн комуникација со тимот на Еко Логик;
  • Подготовка на содржината на модулите во блиска соработка со тимот на Еко Логик;
  • Споредба на креираниот стандард на занимање “Аналитичар за одржлив развој“ креиран од тимот на Еко Логик со содржината на модулите со цел обезбедување комплементарност помеѓу стандардот на занимање, програмата и прирачникот.
  • Соработка со графички дизајнер во процесот на изработка на дизајнот на прирачникот.

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.04.2018 година до 17.00 часот.

OTHER Calls

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Read more

Барање понуда за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани, За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината. I. Општи информации (1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела). (2) Обуката […]

Read more

Повик за учество на обуки Green Skills 4 Women

Почитувани, Како дел од Еразмус програмата, Здружение за едукација и развој Видливост и Здружение на граѓани Еко Логик објавуваат повик за учество на обуки, како дел од проектот насловен Green Skills 4 Women. Трите обуки кои се опфатени во рамките на самиот проект се однесуваат на темите: Еко иновации, Еко политики и Одржлив равој. Целите […]

Read more

Повик за прибирање на понуди за постпродукција на видеа

Почитувани, Здружението на граѓани Еко Логик, преку Еразмус програмата имплементира проект насловен “Circle lab“. Целта на проектот има за цел да го поддржи професионалниот развој на професорите преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта. Во рамки на проектот ќе бидат подготвени дидактички материјали и едукативна […]

Read more

Oглас за вработување

Здружението на Граѓани ЕКО ЛОГИК, има потреба од нов(и) член(ови) во тимот кој/кои ќе се вклучат во планирање, креирање и имплементација на активности кои се дел од тековното работење на здружението.

Read more

Јавен повик за ангажирање експерт за подготовка на истражување за зелени вештини и нивниот потенцијал во средното образование во Северна Македонија

Здружение на граѓани “Еко Логик”, во рамки на проектот: “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) и партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна […]

Read more