На 4. и 5. октомври 2022 година, во Литванија се одржа Европски семинар посветен на циркуларна економија и одржлива хемија. Фокус на семинарот во кој, учествуваше и Еко Логик беше споделување на досегашните искуства и резултати од активностите на Circle Lab Project.
Конференцијата беше добра прилика да се разменат мислења за темите како: управување со отпадот, хемиско рециклирање, соларна енергија и сл. и како истите да се интегрираат во програмата за средно образование.
–
Проектот Circle Lab е поддржан од Еразмус+ програмата. Истиот цели да поддржи професионален развој на професорите од средните училишта преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта.
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/310665616_5480932428654201_4546721844940416269_n-1920x1440.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/311335759_5480932635320847_8601086165833536933_n-1920x1440.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/310746541_5480932781987499_6045282478411481140_n-1920x1440.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/310004235_5480932155320895_2075248540915145560_n-1920x1440.jpg)