Детски работилници на Ехо Филм Фестивал #14/2023

Традиционално и оваа година Еко Логик беше дел од ЕХО Фестивал на планински филм. Бевме посветени на најмладите гости -децата, организирајќи им интерактивни работилници. Работилниците беа реализирани во два дена и на два дела. Децата заедно со учителките Биби и Цаци учеа „Како се ослободува јаглеродот“ ; „Како растат цвеќињата“, „Реакција при горење на топол […]

Традиционално и оваа година Еко Логик беше дел од ЕХО Фестивал на планински филм. Бевме посветени на најмладите гости -децата, организирајќи им интерактивни работилници. Работилниците беа реализирани во два дена и на два дела. Децата заедно со учителките Биби и Цаци учеа „Како се ослободува јаглеродот“ ; „Како растат цвеќињата“, „Реакција при горење на топол воздух“.Вториот дел беше посветен на нивната имагинација и креативност, па преку Лего коцките градеа „Куќа од соништата“; „Изградба на твојот пат до училиште“; „Изградба на училиштен двор“.

Вториот ден од работилницата беше под наслов „Правиме мебел од рециклирани материјали„

Овие работилници се дел од Erasmus plus проектот #TUDEC – Through Upcycling to the Design of Eco Cities.

„Во интеракција со природата“ – експериментални активности

„Град за сите сетила„ – градиме со Лего коцки

Првиот ден работилницата беше поделена во два дела. Децата заедно со учителките Биби и Цаци правеа експериментални активности. Учеа како се ослободува јаглеродот, како растат цвеќињата. Вториот дел од работилницата беше посветен на нивната имагинација, каде преку градење со Лего коцки правеа градови од соништата.

„Правиме мебел од рециклиран материјал“

Секојдневните производи кои ги користиме и потоа завршуваат во отпад, овој пат не завршија во отпад, туку направивме мебел од нив“ – учесниците од Еко Логик работилницата дел од Ехо Филм Фестивал

Втората работилница на Ехо Филм Фестивал беше наменета за рециклирање. Децата користеа веќе искористени материјали ги обликуваа и направија табуретки за седење. Преку оваа активност децата ја развиваа моториката и ги подобруваа своите вештини за боење. Тука секако беа нивните две учителки Биби и Цаци и едукаторот Анета кои им ја покажаа техниката за правење мебел од рециклиран материјал.

OTHER Activities

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more