Evaluation workshops for testing of activities/experiments
➡️ На ден 30.11.2021 година, на платформата ZOOM, се одржаа 2 евалуациски работилници наменети за претставници од градинки и основни училишта вклучени во првично тестирање на дизајнираните активности и експерименти од областа на животната средина и климатските промени наменети за ученици од основно училиште како и деца од градинки.
➡️ За време евалуациската работилница, од страна на претставник на Еко Логик, Александар Стојаноски, беа презентирани резултатите на тестираните активности/експерименти како и резултатите од прашалникот за евалуација.
На евалуациската работилница учестуваа 26 учесници од градинки и 46 учесници основни училишта на територија на Македонија.
➡️ Оваа активност е реализирана од Здружение на граѓани Еко Логик, во рамки на проектот “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА).
#ecologic #екологик #велоучилишта #животнасредина #климатскипромени #уницеф