Превземи Јавен повик (doc)
1. Краток опис на проектот
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
2. Цели на проектот
Генерална цел:
Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
- Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
- Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
- Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
- Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Во рамките на проектот предвидено е одржување на неколкумесечна обука на 20 -тина учесници, базирана на креирана образовна програма со назив: “Аналитичар за одржлив развој” и прирачник со назив: “Манаџмент на одржлив развој” во кои се содржани следните модули, кои е задолжително да бидат застапени како предавања во теоретскиот дел од обуката:
- Модул 1: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
- Модул 2: Еколошка политика;
- Модул 3: Еко иновации за одржлив развој;
- Модул 4: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
- Модул 5: Почисто производство;
- Модул 6: Глобални економски и светски трендови;
- Модул 7: Еко – дизајн;
- Модул 8: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој:
- Модул 9: Методологии за одржлив развој;
- Модул 10: Одржливост во домови
- Модул 11: Практична работа и изработка на студии на случаи (Case Studies)
Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Здружението на граѓани Еко Логик објавува јавен повик за ангажирање на сениор експерт за спроведување на практичниот дел на обуката за горенаведените модули од образовната програма “Аналитичар за одржлив развој”.
3. Работни задачи на сениор експерт
Ангажираниот сениор експерт кој ќе учествува во спроведувањето на горенаведената образовна програма ќе треба да ги извршува следните работни задачи:
- Подготовка и споделување на план за користење на едукативни материјали и материјали за само насочено учење во процесот на обука;
- Присуство на консултациски тимски средби со тимот на Еко Логик за дефинирање на содржината на едукативните материјали и материјалите за самонасочено учење во текот на обуката;
- Подготовка на материјали за евалуација/ оценување на прогресот на учесниците;
- Предложување на одредени ситуации и/или проблеми во разни организациски единици кои ќе бидат предмет на решавање од страна на учесниците како пректичен дел од обуката – студии на случај (општини, образовни институции, производствени погони, домаќинства и сл.);
- Давање насоки на учесниците во обуката во поглед на реализирањето на студиите на случај;
- Подготовка на тестови и/или други материјали за проверка на знаењето на учесниците;
- Оценување на учесниците.
Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 17.07.2018 година до 17.00 часот