Повик за обуки: GREEN SKILLS 4 WOMEN

На 7 октомври 2022 година, Здружение „Еко Логик“ објави јавен повик за учество на три обуки организирани во рамки на проектот „Green Skills 4 Women“ и тоа: 1. ОБУКА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 2. ОБУКА ЗА ЕКО ПОЛИТИКИ И, 3. ОБУКА ЗА ЕКО ИНОВАЦИИ. Обуките се наменети за жени и девојки на возраст од 29 до […]

На 7 октомври 2022 година, Здружение „Еко Логик“ објави јавен повик за учество на три обуки организирани во рамки на проектот „Green Skills 4 Women“ и тоа:

1. ОБУКА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

2. ОБУКА ЗА ЕКО ПОЛИТИКИ И,

3. ОБУКА ЗА ЕКО ИНОВАЦИИ.

Обуките се наменети за жени и девојки на возраст од 29 до 35 години кои, се интересираат за зелени теми и одржлив развој, како и работа во т.нар. зелен сектор.

Обуките започнуваат од 15 октомври и ќе траат до крајот на декември 2022 година.

Повикот за пријавување трае до 13 октомври 2022 година.

За повеќе информации, погледнете го целосниот повик:

https://drive.google.com/drive/folders/1XQ9geVdH_t988qKIt8Kd6ecTD6PcSAVF?fbclid=IwAR1hab7Nqs87VLcTCn2NJA9xn904Oj0izsvGApyYWINZgJWTAhYxXKf_Lo4

Проектот #GreenSkills4women  е дел од Еразмус+ програмата и е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Истиот се спроведува од здруженијата Еко Логик, Видливост, како и партнер-организација од Србија.

OTHER News

Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

Read more

Излези и научи Воннаставни активности

Во свет кој постојано се менува, традиционалниот начин на учење повеќе не е доволен за целосен развој на учениците. Токму затоа се појавува прирачникот „Излези и научи“ – иновативен ресурс кој ги охрабрува наставниците и учениците да излезат надвор од ѕидовите на училницата и да учат преку искуство, истражување и креативност. Овој прирачник, издаден од […]

Read more