GREEN SKILLS FOR WOMEN-Инфо за започнати обуки

Колку девојките и жените во иднина ќе бидат рамноправни учесници на пазарот на трудот кој, се’ позасилено е во потрага по т.нар., „зелени таленти“ ќе зависи од нивната способност и знаења да нудат „зелени“, иновативни и одржливи решенија, како во приватниот „зелен сектор“, така и во јавниот.‍ Но истото ќе биде возможно само доколку на […]

Колку девојките и жените во иднина ќе бидат рамноправни учесници на пазарот на трудот кој, се’ позасилено е во потрага по т.нар., „зелени таленти“ ќе зависи од нивната способност и знаења да нудат „зелени“, иновативни и одржливи решенија, како во приватниот „зелен сектор“, така и во јавниот.‍

Но истото ќе биде возможно само доколку на девојките и жените им овозможиме еднаков пристап до не само квалитетно образование, но и едукација за „зелени вештини“.  

Токму затоа, Здружение „Еко Логик“ и „Видливост“, заедно со партнерите од Србија, почнувајќи од 25 октомври 2022 година организираат три одделни обуки за девојки и жени, фокусирани на јакнење на нивните зелени вештини и компетенции, практични и теоретски знаења за еко иновации, како и за темите поврзани со одржлив развој. 

Обуките се спроведуваат во времетраење од два месеци. Истите ќе завршат заклучно со декември 2022 година. По завршувањето на обуките и особено практичниот дел од обуките, околу 20 девојки и жени – учеснички во обуките ќе се здобијат со сертификати за успешно завршена обука. 

Трите обуки за кои, Еко Логик имаше објавено јавен повик за пријавување на учесници се организираат во рамки на проектот Green Skills 4 Women. Истиот е дел од Еразмус+ програмата и е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.  

OTHER News

Учениците од ООУ „Круме Кепески“ учеа за циркуларна економија и биоотпад

Одржливиот развој започнува со едукација! Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, реализиравме интерактивна работилница со ученици од ООУ „Круме Кепески“ од Општина […]

Read more

Нова Соработка за Позелена Иднина

Со голема радост и гордост ја објавуваме нашата нова соработка! Минатата недела, Eco Logic потпиша Меморандум за соработка со Biodiversity For Everybody, насочен кон заштита на животната средина, одржлив развој и едукација. Овој чекор претставува важен момент за нас и отвора нови можности за заеднички активности кои ќе придонесат за позитивни промени во заедницата. Зошто […]

Read more

Одбележување на Денот на Извидниците и Промоција на Прирачникот H4U

Вчера го одбележавме Денот на Извидниците, ден исполнет со авантура, тимска работа и посветеност. Беше прекрасно да се собереме заедно, да ги споделиме искуствата и да го славиме духот на извидничките вредности, кои не водат кон личен развој и изградба на посилни заедници. Извидништвото не се состои само во активностите на отворено – тоа е […]

Read more

Завршен настан на проектот Sustainability Coaches

Во просториите на Mladi Hub, се одржа завршниот настан на проектот „Sustainability Coaches“, кој ги собра на едно место едукатори, ентузијасти и експерти посветени на унапредување на образованието за одржливост. Овој настан беше не само можност да ги споделиме резултатите од проектот, туку и да се инспирираме за идни иницијативи и соработки. Клучни моменти од […]

Read more

ACRID Network

“ACRID Network” is a private initiative, independent, non-partisan, non-political, international network, with strong focus, expertise and interest in Science, Innovations, Research and Development and have 4 sectors of members:  Concept and Purpose ACRID means Associated Candidate Countries Research, Innovation and Development Network. ACRID is a private professional network focusing to support and improve the R&D+I in the accession and negotiation process to EU by […]

Read more

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more