Со голема радост ве информираме дека проектот Greenlead (Зелен лидер) е веќе започнат и активно се спроведува! По серија онлајн состаноци од ноември, на 20 и 21 јануари конечно ја одржавме и официјалната кик-оф средба во живо. Овој пат, домаќини ни беа нашите партнери од прекрасниот Теруел, Шпанија. Покрај македонскиот и шпанскиот тим, присуствуваа и партнери од Словенија и Грција, кои активно придонесоа со идеи и стратегии за успешна реализација на проектот.
Што претставува проектот Greenlead?
Проектот Greenlead има за цел да ги дефинира клучните вештини, знаења и одговорности на идните зелени лидери – професионалци кои ќе го предводат преминот кон поодржливи бизнис модели и практики. Фокусот е на поддршка на малите и средните претпријатија, овозможувајќи им пристап до ресурси и стратегии за развој на еколошки одговорно лидерство во различни индустрии.
Следни чекори и можности за соработка
Следниот состанок во живо е закажан за неколку месеци во Атина, каде што ќе го процениме напредокот на веќе договорените активности и ќе ги финализираме наредните фази од проектот. Оваа средба ќе биде клучна за обликување на конечната рамка за зелените лидери и за создавање на конкретни насоки кои ќе помогнат во нивната едукација и подготовка.
Доколку сте мало или средно претпријатие кое сака да даде свој придонес во дефинирањето на идните зелени лидери во вашата индустрија, ве покануваме да ни се придружите. Вашето учество ќе биде од голема важност за создавање на реални и применливи решенија за иднината на одржливото управување.
Заедно работиме на градење на поодржлива иднина! Следете не за повеќе информации и можности за вклучување во овој проект.
