Политика на приватност
(Последно ажурирање направено на 12.01.2021 година.)
Политиката на приватност на сајтот ecologic.mk појаснува како се чуваат податоците на Корисниците. Оваа Политика на приватност се однесува само за сајтот ecologic.mk, за линковите кои водат до други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Еко Логик како сопственик на сајтот ecologic.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.
Секој корисник при посета, купувањето или регистрација на Сајтот, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност и Услови за користење.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува при купување и регистрација се користат за успешна достава на производот/услугата и реализација на плаќањето. Личните податоци се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
За било какви прашања поврзани со приватноста на податоците може да испратите e-mail на следната адреса: ecologic.mk@gmail.com
Корисниците се советуваат внимателно да ја прочитаат Политиката на приватност. Со пристапување и користење на Сајтот, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците.
Доколку корисникот не се согласува со Политиката на приватност и Условите за користење, го упатуваме да ја напушти, односно да не го користи Сајтот.
Податоци кои се прибираат на Сајтот
Податоците кои се прибираат од корисникот при неговата посета на Сајтот, може да се разликуваат во зависност од методот што се употребува, односно:
- Податоци внесени од корисникот, кои се лични податоци.
- Податоци кои се прибираат автоматски, кои се анонимни (нелични) податоци.
1. Податоци внесени од корисникот, кои се лични податоци.
Ова подразбира информации кои корисникот свесно ги внесува на сајтот. Типот на информации кои корисникот може да ги внесе на Сајтот се:
- Име и презиме.
- Имејл адреса.
- Телефонски број.
- Адреса.
- Корисничко име и лозинка за членство на сајтот.
- Запис од нарачка на производ/услуга.
- Историја на нарачки за регистрирани корисници.
Личните податоци се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
2. Информации кои се прибираат автоматски, кои се анонимни (нелични) податоци.
Ова подразбира прибирање на нелични податоци од вашиот прелистувач со помош на алатки за анализа на веб страната. Како алатка за автоматско прибирање на нелични податоци се користи Google Analytics. Податоците се прибираат на автоматски начин преку колачиња.
„Колачињата“ се датотеки кои се пренесуваат до хард дискот на уред на корисникот додека трае неговата посета на Сајтот. Корисникот може да го пралогоди начинот на кој прелистувачот ги прифаќа колачињата, но тоа може да ја ограничи можноста да ви овозможиме соодветна содржина.
Нелични податоци кои се прибираат на Сајтот се:
- IP адреса со која корисникот пристапува на сајтот,
- Детали за пребарувачот, оперативниот систем преку кој е пристапено на Сајтот,
- Детали за страните кои корисникот ги прегледува додека е на Сајтот,
- Времетрање на посетата итн.
Неличните податоци се користат исклучиво во агрегирана форма и на начин кој ви овозможува анонимност.
Како се користат податоците од корисниците на Сајтот
Сите лични податоци кои се прибираат на Сајтот се наменети за успешна достава на производот/услугата и реализација на плаќањето, односно:
- Процесирање, потврдување и валидирање на вашата трансакција, при купување на производите/услугите од Сајтот.
- Креирање, менаџирање и одржување на членство на корисникот на Сајтот.
- Праќање соодветни емејл пораки за членството на корисникот на Сајтот.
- Праќање соодветни емејл пораки за купениот производ/услуга на Сајтот.
Податоците кои ги собираме и се чуваат на Сајтот, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Еко Логик не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка, банкарска сметка и слично. Податоците поврзани со трансакцијата и платежните картички се процесираат од страна на Комерцијална Банка и компанијата Casys, кои се одговорни за реализација на трансакциите (плаќањето).
Повеќе информации за Платежни картички и начинот на реализација на трансакциите може да прочитате на следниот линк.
Заштита на податоците
Сите податоци кои корисникот ги внесува на Сајтот се заштитени (енкриптирани) од вашиот веб пребарувач. Сајтот користи сигурна Secure Socket Layer (SSL) технологија. Податоците се заштитени со помош на серверска автентикација и шифрирање, што обезбедува вашите податоци да бидат безбедни.
Сајтот е хостиран на безбедна серверска околина што користи повеќе нивоа на заштита со цел спречување на неовластен пристап.
Регистрирани корисници
При купувањето на производите/услугите корисниците имаат можност да се регистрираат на сајтот. Регистрираните корисници имаат можност да пристапат до нивниот профил, каде може да ги прегледаат, ажурираат или променат личните податоци. Исто така регистрираните корисници имаат можност да ги прелгедаат нивните нарачки, статусот на нарачката и сл.
Ажурирање на Политиката на приватност
Еко Логик може во било кое време и без предходно известување да ја промени или ажурира Политиката на приватност.
Користење на Сајтот подразбира прифаќање на кое било ревидирање.
Информација за последното ажурирање, како и пристапот на Политиката на приватност се видливи при првата посета на корисникот на Сајтот, каде корисникот има треба да потврди дали се согласува со Условите за користење и Политиката на Приватност.