За нас

Здружението на граѓани Еко Логик е непрофитна организација која е посветена на заштита и зачувување на животната средина, промоција на современи еколошки практики, како и следење и промовирање на принципот на одржлив развој.

Организацијата ги охрабрува и поддржува позитивните промени во животната средина во форма на:

• Промоција на екологијата како наука;
• Промоција на концептот за почисто производство;
• Надградба на еколошкото образование;
• Промоција на принципот за одржлив развој и создавање нови „зелени“ работни места;
• Можност за обука и вклучување на сите заинтересирани граѓани во проекти од областа на екологија;
• Развој и тестирање на иновативни методологии и игри за предавање и учење на теми поврзани со: одржлив развој, европски вредности, советување за одржливост, еколошка свест и развој на социјален бизнис;
• Имплементирање на различни кампањи поврзани со заштита на животната средина, заштита на права на работниците, одржлив развој итн.

Еко Логик има силна позадина и искуство во работата поврзана со деца, млади и возрасни, нагласувајќи ги неформалните активности во образованието на различни теми. Од основањето во 2011 година, организацијата се посвети на споделување и промовирање на знаење и информации за темите на животната средина, екологијата и одржливиот развој во основните училишта и средните училишта низ целата земја, но и низ цела Европа.