Искуствено учење – тестирање на подготвени активности/експерименти за животна средина и климатски промени во основни училишта (Недела број 1)

Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 1) Во период од 29.10 до 10.11.2021 година, 14 основни училишта од општините Виница, Штип, Демир Капија, Куманово, Тетово, Крушево, Битола, Новаци, Велес, Брвеница, Охрид, Струмица и Дебар реализираа 38 подготвени активности/експерименти од страна на Еко […]

Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 1)

Во период од 29.10 до 10.11.2021 година, 14 основни училишта од општините Виница, Штип, Демир Капија, Куманово, Тетово, Крушево, Битола, Новаци, Велес, Брвеница, Охрид, Струмица и Дебар реализираа 38 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот  “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Преку активности беа опфатени 649 ученици од основно училиште.

Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:

  • Одржлива градина
  • Фаќач на дожд
  • Преку спорт до одржливи цели

Дел од коментарите од страна на наставниците беа:

  • Активноста може да се реализира  во повеќе денови со поставување фаќачи на дожд во повеќе дождливи денови и притоа доколку во близина има можност да посетат метеоролошка станица со цел да се види практична употреба на овие фаќачи на дожд. (Сеад Ибраимоски, ОУ Пенестиа, општина Дебар)
  • Активноста е одлично разработена, разбирлива, лесна за реализација и придонесува за постигнување на дадената цел (збогатени и проширени знаења кај учениците  и развиена свест за заштита на водата, растенијата и храната од влијанието на негативните ефекти на климатските промени) (Анка Ангеловска, ОУ Тошо Арсов, општина Штип)

#ecologic #екологик #животнасредина #климатскипромени #уницеф #искуствено учење

OTHER Activities News

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

Read more

Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

Органската фракција од цврстиот комунален отпад (ЦКО) претставува еден од најважните ресурси во транзицијата кон циркуларна економија. Таа сочинува дури 30–50% од вкупниот комунален отпад во повеќето општини, а со правилно селектирање и управување може да стане основа за компостирање, производство на биогас и намалување на количините отпад што завршуваат на депонии. Оваа статија ја […]

Read more

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

Read more