Компендиум – агилно и паметно работење на општините

Во денешниот комплексен и променлив свет во кој „глобалните кризи стануваат сè позачестени и влијателни“, многу од владите ширум Европа и светот станаа многу посвесни за потребата да го реобмислат своето работење и да се трансформираат во агилни и паметни. Но, што значи „агилни и паметни“ и како општините и особено локалната администрација во малите […]

Во денешниот комплексен и променлив свет во кој „глобалните кризи стануваат сè позачестени и влијателни“, многу од владите ширум Европа и светот станаа многу посвесни за потребата да го реобмислат своето работење и да се трансформираат во агилни и паметни. Но, што значи „агилни и паметни“ и како општините и особено локалната администрација во малите и периферни градови и села може да еволуира и да стане токму тоа – агилна и паметна?! Во април и мај 2023 година, токму овие прашања им ги поставивме на група локални лидери, државни службеници и други релевантни професионалци од Италија, Грција и С. Македонија. Дополнително, ги разгледавме актуелните практики на работење и учење на општините, како и потребите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во дел од општините во трите држави. Во таа насока, компендиумот е изработен со намера да инспирира агилна трансформација на општините, нудејќи листа на клучни вештини што треба да ги поседуваат вработените во општините, вклучително и листа на е-алатки за надградба на овие вештини.Публикацијата е изработена во рамки на проектот: „fEUture – програма за континуиран професионален развој на следната генерација Европски општински службеници“.
Во април и мај 2023 година, токму овие прашања им ги поставивме на група локални лидери, државни службеници и други релевантни професионалци од Италија, Грција и С. Македонија. Проектот и публикацијата се финансирани од  Европската Унија. Поддршката на Европската комисија за производство на оваа публикација не претставува одобрување на содржината, која ги одразува ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во неа.

OTHER Publications Publications for adults

ВЕЛО-БУРЕ ПАРКИНГ Циркуларно решение за одржлива урбана мобилност

Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови. Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена […]

Read more

INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

Read more

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Read more

Градови на иднината: Како апсајклингот создава еко-градови

Во денешниот динамичен свет, градовите се соочуваат со голем предизвик: како да растат одржливо, а истовремено да ја заштитат животната средина и да го подобрат квалитетот на живот на своите жители. Европскиот проект TUDEC – Through Upcycling to the Design of Eco Cities го адресира токму овој предизвик, поттикнувајќи училишта, заедници и локални организации да […]

Read more

Дизајнерско Размислување – Моќна алатка за младинска вклученост и локален развој

D.3.1 – Ризница на алатки и видеа, ресурс кој покажува како дизајнерското размислување може значително да ја зајакне младинската вклученост и да придонесе за одржлив локален развој е веќе достапен.. Документот е резултат на паневропска партиципативна анализа, реализирана во соработка со партнери од повеќе земји. Во него се истражуваат пет клучни пристапи: Што вклучува? Содржи […]

Read more