Не лути се човеку

Во играта учествуваат 16 играчи, поделени во четири тима од по четири играчи,  кои ќе бидат пиончињата/човечињата во играта и еден модератор, кој ќе ја  води играта преку поставување прашања и читање на еко-фактите. Тимовите  се комбинирани и ги сочинуваат по двајца играчи на помлада возраст и двајца  играчи на постара возраст. Тимовите се во […]

Во играта учествуваат 16 играчи, поделени во четири тима од по четири играчи,  кои ќе бидат пиончињата/човечињата во играта и еден модератор, кој ќе ја  води играта преку поставување прашања и читање на еко-фактите. Тимовите  се комбинирани и ги сочинуваат по двајца играчи на помлада возраст и двајца  играчи на постара возраст. Тимовите се во четири различни бои: жолта, црвена,  сина и зелена. На почетокот од играта, сите тимови се во куќичките означени  со бојата на тимот на која припаѓаат. Секој тим (по желба) си избира капитен на  тимот, кој ќе ја координира групата.

Капитенот од секој тим, на почетокот од играта, ја фрла коцката. Секој тим  има право на три обиди и оној тим кој ќе добие шестка поставува двајца играчи во исто време на стартното поле. Потоа повторно ја фрла коцката и со второто  фрлање едниот од играчите ја почнува играта од стартното поле, застанувајќи на полето со бројот што му се паднал. Другиот играч од тимот почнува да се движи со третото или со некое од следните фрлања на коцката (како што ќе одлучи тимот). Сите тимови ја почнуваат играта на овој начин и секој од тимовите уште од почетокот има по двајца играчи во игра. Кој од играчите ќе се движи, а кој  ќе стои и ќе чека следно вртење се одлучува преку меѓусебна координација и  договарање. По третото фрлање на коцката, откако веќе двата играчи се во игра,  тимовите имаат можност да внесат во игра (на стартното поле) уште еден, трет играч, а со четвртото фрлање на коцката да влезе и четвртиот играч од тимот. 

Со тоа, сите четири играчи од сите тимови би биле во игра и би се движеле низ полињата по четвртото фрлање на коцката.

Секое од полињата се означени со: еко-факт, прашање и одговор, точно/неточно и поле на имитација. Играта ја води модераторот, кој ги има прашањата и одговорите за секое поле и се грижи за нормалниот тек на играта.

OTHER Publications Publications for children

Промоција на „Прирачник за еколошко образование и климатска писменост“

Europe House во Скопје беше домаќин  на промоцијата на прирачникот  „Прирачник за еколошко образование и климатска писменост“  чии автори имаа чест да го претстават прирачникот пред бројната публика За време на промоцијата авторите на прирачникот Билјана Арсовска, Кирил Арсовски – Пржо и Никола Нешкоски зборуваа од каде ја добиле идеата да го направат овој прирачник, неговата […]

Read more

ГЕА ИНТЕРАКТИВЕН ИЗВЕШТАЈ

Ова првиот билтен од ГЕА проектот посветен на овозможување едукација за животната средина за возрасни и нивно вклучување во истражувања на граѓанска наука и еколошки акции.

Read more

Интеракција и комуникација преку дигиталните технологии

Овој памфлет е изработен од Еко Логик како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на Ковид-19 и други катастрофи“Со овој памфлет сакаме да ви помогменепри учење на дигиталните алатки кои помагаат да бидеме полесно поврзани со настаните во светот

Read more

Пребарување и филтрирање информации и дигитални содржини

Овој памфлет е изработен од Еко Логик како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на Ковид-19 и други катастрофи“Со овој памфлет сакаме да Ви помогнеме при учење на дигиталните алатки, кои помагаат да бидеме полесно поврзани со настаните во Светот. 

Read more