Превземи Јавен повик (doc)
1. Краток опис на проектот
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
2. Цели на проектот
Генерална цел:
Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
- Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
- Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
- Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
- Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Во рамките на проектот предвидено е графички дизајн, техничка обработка, лектура и печатење на прирачникот за спроведување на обуката за „Аналитичар за одржлив развој“. Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Еко Логик објавувa јавен повик за ангажирање на правни лица за изработка на посакуваниот продукт.
3. Обем и карактеристики на прирачникот
- Димензии 165х235 мм тврд повез
- Обем: 230 стр. + корица
- Внатрешни страни: 90 гр. кунздрук, печат: 4/4
- Корица: 135 гр. кунздрук, печат : 4/0 +пластификат
- Каширање на сива лепенка
- Доработка : шиење
4. Работни задачи на правното лице
Ангажираното правно лице ќе треба да ги извршува следните работни задачи:
- Графички дизајн на прирачникот (најмалку доставени три дизајни)
- Техничка обработка на текстот во прирачникот
- Лектура на текстот во прирачникот
- Печатење на прирачникот во 250 копии
- Соработка со проектниот тим
Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 13.12.2018 година до 17.00 часот.