Превземи Јавен повик (doc)
Краток опис на проектот
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
Цели на проектот
Генерална цел:
Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
- Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
- Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
- Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
- Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Во рамките на проектот предвидено е печатење на едукативната игра/ алатка. Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Еко Логик објавувa јавен повик за ангажирање на правни лица за печатење на посакуваниот продукт.
Обем и карактеристики на производот
Граничник на платформа:
- Ширина: 486 мм
- Должина: 455 мм
- Материјал: Пресуван картон со висина со принт 2-3 мм
Полиња на платформа:
- Ширина: 120 мм
- Должина: 106 мм (со обрез од 10 мм)
- Материјал: Пресуван картон со висина со принт 2-3 мм
Картички тип 1:
- Ширина: 56 мм
- Должина: 86 мм
- Материјал: Хартија 250-300 гр.
Картички тип 2:
- Ширина: 240 мм
- Должина: 120 мм
- Материјал: Хартија 250-300 гр.
Токени:
- Дијаметар: 15 мм
- Материјал: Хартија над 300 гр.
Кутија за пакување:
Димензии, материјал и дизајн по предлог од правното лице.
Работни задачи на правното лице
Ангажираното правно лице ќе треба да ги извршува следните работни задачи:
- Печатење на едукативната игра / алатка во бр. на копии: 100;
- Давење на предлог за димензии и тип на материјал за кутија за пакување;
- Соработка со проектниот тим.
Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 17.05.2019 година до 17.00 часот.