Open call for hiring an expert / company for development of web page

Јавен повик за ангажирање на правни или физички лица за изработка на веб страна (платформа) за „Аналитичар на одржлив развој“ , за проектот „Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Превземи Јавен повик (doc)

Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

Цели на проектот

Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други. Специфични цели:

  • Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
  • Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
  • Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
  • Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидена е изработка на веб страна (платформа) која ќе има за цел да ги промовира учесниците кои се стекнале со сертификат од обуката „Аналитичар на одржлив развој“ (генерални информации за учесниците вклучувајќи ја нивната кратка биографија, нивното искуство, стекнатите знаења, вештини и компетенции) и воедно истите на поедноставен начин да бидат ангажирани од страна на корисниците на кои им се потребни услуги од овој кадар.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Еко Логик објавуваат јавен повик за ангажирање на правни или физички лица за изработка на посакуваниот продукт.

Работни задачи на правното /физичкото лице

Ангажираното правно или физичко лице ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Соработка со проектниот тим;
  • Да понуди решение за изглед на веб страната (платформата);
  • Изработка на веб страната (платформата) која ќе ги содржи следните елементи:
    • Хеадер (на горниот дел на страната) која треба да содржи лого и мени (дома, за нас, контакти, сертифицирани аналитичари итн. );
    • Слајдер (дел во кој ќе има слики) кои ќе треба да се вртат автоматски или мануелно, или само една слика со текст ;
    • Кратка содржина во која ќе се наведат потребните информации за програмата, слики од предавања, искуствата на учесниците (сликите исто може да се вртат автоматски и да секоја има дополмнителен текст, објаснување);
    • Дел каде што ќе бидат наведени сите сертифицирани аналитичари за одржлив развој (генерални информации за учесниците вклучувајќи ја нивната кратка биографија, нивното искуство, стекнатите знаења, вештини и компетенции);
    • Футер (долен дел од страната) во кој треба биде наведена локацијата, линкови од социјални мрежи, контакт и сл.;
    • Користење на технологии за изработа на веб страната (Asp.net Core, Angular typescript, Bootstrap).

Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 26.12.2018 година до 17.00 часот.

OTHER Calls

Повик за учество на обуки Green Skills 4 Women

Почитувани, Како дел од Еразмус програмата, Здружение за едукација и развој Видливост и Здружение на граѓани Еко Логик објавуваат повик за учество на обуки, како дел од проектот насловен Green Skills 4 Women. Трите обуки кои се опфатени во рамките на самиот проект се однесуваат на темите: Еко иновации, Еко политики и Одржлив равој. Целите […]

Read more

Повик за прибирање на понуди за постпродукција на видеа

Почитувани, Здружението на граѓани Еко Логик, преку Еразмус програмата имплементира проект насловен “Circle lab“. Целта на проектот има за цел да го поддржи професионалниот развој на професорите преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта. Во рамки на проектот ќе бидат подготвени дидактички материјали и едукативна […]

Read more

Oглас за вработување

Здружението на Граѓани ЕКО ЛОГИК, има потреба од нов(и) член(ови) во тимот кој/кои ќе се вклучат во планирање, креирање и имплементација на активности кои се дел од тековното работење на здружението.

Read more

Јавен повик за ангажирање експерт за подготовка на истражување за зелени вештини и нивниот потенцијал во средното образование во Северна Македонија

Здружение на граѓани “Еко Логик”, во рамки на проектот: “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) и партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна […]

Read more
external-experts-for-online-research

Call for hiring external experts for online research and analysis

Eco Logic is hiring external experts for online research and analysis

Read more

Open call for hiring a company for print of T-shirts

Јавен повик за ангажирање на правни лица за печатење на маици за проектот „Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Read more