Open call for participants in training Sustainability Advisor

open-call-for-participants-in-training-sustainability-advisor

Јавен оглас за учество на обука за „Аналитичар за одржлив развој“ базирана на креирана образовна програма за стручно образование

Здруженијата на граѓани Еко Логик и Хуманост го спроведуваат проектот  “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Како дел од горенаведениот проект здружението на граѓани Еко Логик организира обука  за „Аналитичар за одржлив развој“ базирана на верифицирана посебна програма за образование на возрасните „Аналитичар за одржлив развој“, од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните.

I. Информации за обукатa

Цел на обуката:

Со оваа програма се оспособуваат кадри со титула Аналитичар за одржлив развој кои во текот на обуката ќе се стекнат со потребните знаења, вештини и компетенции за конципирање (анализа и планирање) и реализирање на принципите за одржливиот развој (ОДР) во соодветната организациска единица.

Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира сопствената работа согласно стандардите и стандардните оперативни процедури на организациската единица и да ги прибира и подготвува потребните податоци за работа од економски, социјален и еколошки аспект.

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со клиенти и соработници обезбедувајќи соодветна и навремена комуникација со употреба на техничко – технолошка терминологија. Учесникот ќе се стекне со соодветно знаење за проценка на животната средина, идентификување на предностите, недостатоците, можностите и заканите за спроведување на одржливи решенија во рамки на анализираните организациски единици, утврдување на индикатори за следење на ефикасноста на процесите, спроведување на еко – проверка, како и изготвување на предлог решенија за одржлив развој во организациските единици.

II. Програма за обуката

Програмата е модуларна и се состои од следниве модули (области):

  • Модул 1: Вовед во одржлив развој
  • Модул 2: Глобални економски и светски трендови;
  • Модул 3: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
  • Модул 4: Еколошка политика;
  • Модул 5: Еко иновации за одржлив развој;
  • Модул 6: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
  • Модул 7: Почисто производство;
  • Модул 8: Еко – дизајн;
  • Модул 9: Методологии за одржлив развој;
  • Модул 10: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој;
  • Модул 11: Одржливост во домови
  • Модул 12: Практична работа и изработка на студии на случаи (анг. Case Studies)

Обуката ќе биде спроведена  од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените тематски области/ модули.

III. Профил  на учесниците

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да имаат завршено средно образование
  • Да се на возраст од 18 до 30 години
  • Лицата да се невработени и/или  активни баратели на работа
  • Да се државјани на Република Македонија
  • Пожелно е да поседуваат дополнителни сертификати за формално и/или неформално образование
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Пожелно е познавање на работа со компјутери
  • Пожелно е познавање на деловна техничка документација

IV. Времетраење и локација за одржување на обуката

Обуката ќе се реализира во периодот  од декември 2018 до март 2019  година, два до три пати неделно со времетраење од 4 до 6 часа.

Локација: Територија на град Скопје.

Обуката ќе започне со реализација од првата недела на месец декември 2018 година.

V. Надоместок за обуката

Трошоците за обуката (обучувачи, освежување и материјали) за истата ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот.

VI. Број на учесници на обуката

Предвидениот број на учесници кои ќе ја следат бесплатната обука изнесува максимум 20 учесници.

VII. Документи за пријавување

  • Кратка биографија на кадидатот
  • Пријава  за учество на обуката на линк: bit.ly/Obuka1
  • Документ кој ќе го потврди степенот на завршено образование
  • Доколку се имате стекнато со некој сертфикат за посетување на обука можете истите да ни ги прератите со пријавата.

VIII. Начин на пријавување

Сите заитересирани кандидати треба да ја достават потребната документација во електронска верзија на е-маил адресата ecologic.mk@gmail.com  или во печатена верзија (лично или по пошта) на ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17, Скопје, најдоцна до 26.11.2018 година до 17.00 часот со наслов:  Апликација за  обука – Аналитичар за одржлив развој

 Важно: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на 30ти ноември 2018 година, и ќе им бидат дадени  потребните информации (динамика на обуката, започнување на обуката, место на одржување на обукатата). Избраните кандидати ќе потпишат договор за следење на програмата за образование на возрасните со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на организаторот на обуката и учесниците во истата.

IX. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот за обуки можете да добиете во на канцелариите на Здружението на граѓани Еко Логик во Скопје, на телефонските броеви 02/  5112 716 и 078 365 902 или електронски на е-маил адресата ecologic.mk@gmail.com. 

OTHER Calls

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more

Истражете нови пристапи во едукацијата за одржливост: Онлајн настан „Sustainability Coaches“

Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00Платформа: Zoom (линкот ќе биде испратен до регистрираните учесници)Секој учесник ќе добие сертификат за учество […]

Read more

Open Call for Volunteers: EU and Non-EU Participants

Are you looking for an opportunity to make a meaningful impact on the environment and your community? Do you want to gain hands-on experience in sustainability and youth work while exploring a vibrant city in North Macedonia? This is your chance to join Eco-Logic, a non-profit organization dedicated to promoting sustainability, environmental protection, and community […]

Read more

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ ЗА ЕКОЛОШКИ СВЕСНИ И ПОАКТИВНИ ВОЗРАСНИ

Во рамките на ГЕА програмата за еколошки свесни и активни возрасни, Еко Логик објавува повик за пријавување на учесници за обука за идни ЕКО ЕДУКАТОРИ НА ВОЗРАСНИ. Обуката вклучува: Обуката ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2024 година. Првиот ден од обуката ќе биде организиран онлајн преку платформата ЗУМ, додека вториот ден, кој […]

Read more

Барање понуда за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани, За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината. I. Општи информации (1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела). (2) Обуката […]

Read more